одек м.
одекне св.

одек (м.)

И четири часа во жештина летна планините ечат и бојните труби, и екотот страшен со викот се сретна, во усои горски со одек се губи.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
А и одекот да си го чуе. Не како од високите згради на кои работеше во Прага и Будимпешта кога ќе му дојдеше некоја желба од детството и кога ќе помислеше на овие краишта, ќе завикаше со сиот глас, но од бучежот на дигалките и автомобилите, гласот се задушуваше и не можеше ни тој да си го чуе, а камоли да му се врати.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Сѐ за што се грижиш си ти самиот“, повтори тој како одек.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сега знаеше дека сите оние спорадични немири кои одвреме-навреме ги заплиснуваа како вода која при одење се подистура од преполна кофа не биле само одеци на косовските.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се одразувам, значи се враќам некој создава траен одек троен појас на Венера.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Како кошаре се отворив со матарка се премазав да се помамиш по мирисот да ми дојдеш матицо моја станав кревок и подгорен пергамент мозаик незаштитен со песок непрекриен со мрак се оптегнав како апсида за да стапнеш, конечно, во мене со поглед вперен угоре налик на реквием или псалм одекот да ти биде длабок.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК