одврзе св.

одврзе (св.)

А после: „Куме, одврзи го ќесето.“ Ќе ги венчаш сите овие Амповци и Ѓорговци...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Откако одврза еден чун, тие седнаа во него и потпирајќи се со долги притки по мочурот, обраснат со подводни треви, запловија низ трските.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
— Така е, бре Калешко, така , така! Кога пазариш — пазари ѓупци, кога плаќаш одврзи ќесето плаќај туџарски, рекол некој. И вие сега, пазарите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ајде сега, одврзи окопците, павтите, решмето и синџирот! Сопаши го прегачот! Така. Сега можиш да си легниш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој ги поразмрда, се поткрена малку со помошта на Крсте и ја свитка половината нагоре, но не можеше да ја стигне ортомата да си ги одврзе нозете.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тамам се расположи, ја одврза шамијата од под брадата, и кога беше готова да се предаде на пријатноста на ладот,чу како нешто во коријата зашуме.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Танас, не сфаќајќи што станува, бавно ја зеде шамијата и откако долго се колебаше пред насобраните браќа и снаи, полека почна да ја одврзува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ни ја нема гитарата што збрани нѐ држеше дур сестра нѐ натера в сон, а ветерот низ паркчето облеано `ржеше како одврзан, запенет коњ.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
– Какви бераати, какви пачаври, бре домуси, туку ајте збирајте селаните да носат парите – им се врекна кадијата и им нареди на сејмените да ги одврзат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Треба да зачекорам од почеток, се сети неочекувано додека ги одврзуваше чевлите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Секогаш се случуваше така, снегот да преврне а после или да заплисне југовината со својата блага бура, што ќе слисти барем една дебела половина од наврнатиот снег, што ќе размекне, ќе спитоми, ќе одврзе, а ќе му даде и нему доста вода за да си ги сврши сите работи, за кои беше дојден; или пак ќе дојде една од оние ведрини, ќе се изостри една таква при која сонцето ни во најцрвеното и најослепувачки огреаното пладне нема да биде во состојба да му излишти ниту една капка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога би одврзала, мислеше, само кога би отпуштила, кога би спитомила и би заплиснала да потече...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А пак кога ќе му ја одврзе грлушката! Ех, што станува тогаш!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Добро, добро, не бери гајле! - одговори Доне, го одврза коњот, го напушти училиштето и тргна...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Му ги одврзале рацете, устата, очите и со часови го триеле со топла вода и ракија.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Со ручекот беа готови. Тале го одврза коњчето, му го кладе самарчето и рече: - Еве ти пари за дрвата, едно кило шеќер за дома и собуј ги искинатите свински опинци. Место нив еве ти нови. Да не одиш бос.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Анѓеле и Трајче се поздравија со Горјана, ги одврзаа коњите и тргнаа в село.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Трајче го одврза Дорча, му се качи и го потера да го пасе на Велјанова Ливада...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Бојан ја фати Кротка за главата, нежно ја гушна, ја бакна в чело, меѓу очите, па и го одврза јаженцето од вратот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Оди легни си, - му рече старецот на кучето, откако му го одврза јаженцето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе