одвишен прид.

одвишен (прид.)

Доколку амбициозната филмска енциклопедија на Светот се заканува Светот да го направи одвишен и доколку деловите од списоците всушност и не можат да се класификуваат, дотолку подобро.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Отсуството на дополнителни знаци во готското писмо се објаснува со фактот дека специфично готските фонетски вредности се сместени во рамките на грчката алфабетска низа по пат на супституција на некои специфично грчки фонетски значења, кои се одвишни од аспект на готската фонетика.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Верзијата што беше во употреба во 1984 и што беше систематизирана во Деветтото и Десеттото издание на Новоговорниот речник, беше само привремена и содржеше многу одвишни зборови и архаични конструкции што подоцна требаше да бидат истиснати.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На прашања, на забелешки, одговараше секогаш прецизно, јасно, без одвишни зборови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Колку пати ти имам речено дека прстите се одвишни кога е во прашање срцето!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам дека би било и одвишно овде да тврдам дека нашата живеачка ми се чини многу поприродна во моментите на нејзината разголеност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Финансиски, господине Салтиел”, му соопштува со доверлив тон Максимилијан Мертен и погледнува во подофицерот Мајснер, еден левантски Германец кој грчкиот јазик го зборува како вистински фанариот, интелигентен и способен, без одвишна емоција, во кој стекна таква доверба што напати го доживуваше како сопствено второ јас.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)