одвива несв.

одвива (несв.)

Потаму сѐ се одвиваше некако чудно и брзо.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Акцијата се одвива претпазливо и според планот: најпрво по роднини и доверливи луѓе.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Иако сѐ се одвива во безредие, сообраќајните несреќи ретко се забележуваат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Прага е полна со ресторани - 136, дваесетина барови, педесеттина хотели и во нив се одвива животот на гостите и тука е посебно живо во доцните ноќни часови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тука се одвива сиот живот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ако првата книга тоа го наслути, „Нова Пасквелија“ несомнено потврди дека со Чинго во нашата литература стапи автор кој загрижено и ангажирано го набљудува животот, бескомпромисно го одразува сето она што се одвива пред неговиот љубопитен поглед и дека таа загледаност негодува и се напрега до прснување, до иронија, до темен, мрачен хумор секогаш кога во тој живот пукаат нишките на хуманото и разумното, секогаш кога се расплинува и исчезнува правината, кога згаснува идеалот, кога зацарува глупоста и незнаењето, секогаш кога заблудите и грешките ќе ја изопачат и убијат убавината и човечноста.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Поетската диспозиција на младиот автор се одвива напоредно со изразитата смисла за откривање на такви животни вистини за кои до Живко Чинго во нашата прозна книжевност како да немаше доволно место.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
За нејзиното нормално одвивање требаше да минат уште неколку часа од ноќта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но ништо не се одвива според планот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Значи, мораше да се сместат козарите сосе семејствата и, како што се одвиваа настаните, заедно со козите. Таква беше логиката на генералната директива.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во пишувањето тоа се одвивало со помош на таканаречени „детерминативни“ слики кои се ставале зад напишаното, и му давале смисла, а самите не се изговарале. (Ibid.,стр. 18): „Кога египетскиот збор кен треба да значи „јако“, зад неговиот алфабетски напишан глас стои слика на исправен маж; кога истиот тој збор треба да изразува „слабо“, зад буквите кои го прикажуваат гласот следи слика на стуткан, омлитавен човек.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Гаргантуовскиот но и макабричниот обред се одвива во ресторан со сличен штимунг, како епилог кон европската консументска култура.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Што всушност значи хипертекст? Тоа е електронски текст каде што пишувањето и читањето се одвива на компјутер, каде што печатарскиот ред, неговата тиранија и неговите ограничувања веќе не постојат, бидејќи пишувањето се остварува во еден нелинеарен простор овозможен од компјутерот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Културата е подрачје каде што се одвива духовната и творечка дејност на човекот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Според тоа, со криптограмот L. H. O. O. Q. Duchamp опишал три нивои на настанот: се одвива coniunctio oppositorum (Сонцето/Ергенот се симнува доле да се соедини со Месечината/Невестата); coniunctio води кон засилена свест (за што сведочи засилувањето на топлината, „огнот долу“); бидејќи засилувањето на топлината, тогаш кога е успешно, исто така е одлика на третиот степен на вештина, ова инцестуозно соединување среќно успеало да ги спои Ергенот и Невестата во андрогиниот Посветеник, а тој факт пак, од своја страна, го објаснува доцртувањето на мустаќите и брадичката што ја комплетираат насмевката на Мона Лиза, која веќе не е толку загадочна.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
2. Без оглед за што зборуваат, зборуваат за пари. Типичниот распоред на партиите во поголемиот дел од демократските земји со демократичност се одвива според две димензии: радикализам- либерали конзервативизам (што е вредност на социјалдемократи демохристијани дефиниција за она што вообичаено се нарекува левица, односно десница) и радикализам конзерватизам демократичност-тоталитаризам.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На секој оној внимателен набљудувач кој го посматрал распаѓањето на нашата бивша поширока држава и националната хомогенизација во новите држави (пред сѐ во Србија, а нешто подоцна и во Хрватска) јасно му е дека тој процес се одвиваше со многу ПРА фашистоидни (или прафашистички, според Еко) елементи.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Работата се одвива во четири секции: програма, продажба (маркетинг), техника и менаџмент.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Посматрајте една група бабуни во која се одвива борба за власт.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Маргина и во иднина ќе настојува да обрнува внимание на некои ретки понеобични нешта во нашиот медиски простор, и плус ќе настојува прво да се воспостави соработка меѓу тие пар слабички и по многу нешта инфериорни „независни“ медији, а потоа таа соработка да се одвива во насока на многу поголем префесионализам, на многу поголема одговорност за изречените нешта.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК