одвезе св.

одвезе (св.)

Дури во пролетта во 1942-та дојдоа, од Прилеп, со џип, потпоручникот Куцаров и двајца германски офицери; го собраа Крсте Јанчески од дома, го качија во џипот и го одвезоа на Црн Камен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ливајн запре еден од батаљонските џипови кој го одвезе долу до брегот, се влечкаше таму некое време гледајќи како ги носат телата.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
„Камионите за одвезување на сметот“, ѝ рече тој повторно, „ќе тргнат за да ги соберат телата.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
На прв поглед за Џорџ Смит, онака спружен, додека се печеше таму, би се рекло дека е само турист, што долетал свеж како смрзната салата во Европа и дека наскоро пак ќе биде одвезен дома.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Збогум!“ Докторот се одвезе, исчезнувајќи зад аголот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Потоа тие тројцата се одвезоа до болницата, оставајќи ги зад себе двете стари и безнадежни фигури, студениот ветер да им дува во срцата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Алек го одвезе својот трактор до крајот на рампата и го исклучи моторот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се одвезовме на Бондаи Беј одбравме место на ресторанската тераса и нарачавме некакви ќебапчиња од морски животинки и, се разбира, по едно студено пиво.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)