одважи св.

одважи (св.)

110. Тој неуспех не ги обескуражи одважните Срби: Друштвото „Св. Сава” отвори патриотска потписка во Србија за изградување нова зграда на друштвото за пансион и за свое пропагандно училиште.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој беше строен, човек со мерак убаво да се облече, а она што кај него понекогаш ќе ни се стореше одважност, беше изгледа повеќе инает или, што е поточно, тврдоглавост.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Брат ми не. Тој беше сунизок, на баба ми по татко, и повеќе итрец, отколку одважен. За себе нема што да кажам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Секогаш сум влегувал со одважност, дури, богами, кога ќе влезев, не ни ги забележував поединечно. Не се трудев. Тие ме забележуваа. Тоа беше важно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Романот „Ервехе” изобилствува од фабуларни заплети низ кои приказната си добива природен тек, бидејќи, овој белетристички колаж од новела, повест, роман, мемоар, дневник, есеистички отклони и драмски акценти всушност претставува модел на посовремено поимање на прозната форма, кој некои меѓу нас ќе се одважат да го крстат и со квалификативот постмодерна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Понекоја бугарско-кинеска јакна, со неиндентификувачко чудовиште или исклештен змеј со премногу канџи и премалку заби, хибридно се вкрстуваше со модерно палто на млада госпоѓица која сѐ уште нема, или има освоено многу одважен маж.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
За жал, македонските судии, образовани во духот на правниот позитивизам, досега не се одважиле на вакво правно толкување на овие антидискриминаторски одредби!?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
- Во моето излагање без дозвола се вмешува непознат човек со службен тон на говорот, кој седи наспроти мене, во скапа, кожена фотеља, со видливо одважен став, божем јас несмасно одговарам т.е раскажувам вистинска случка од мојот вистински живот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- Се разбира (ладнокрвно го продолжувам разговорот, буквално како да не го забележувам неговиот одважен, да не речам недозволено надуен став, односно, простете да се коригирам, би било дозволено ако станува збор за неговиот физички изглед).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Иако исплашени дека газдите ќе им се одмаздуваат, тие сепак се одважија да излезат на штрајк. 
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
9. Вечната борба на ноелемакот за преживување, ми правеше да се веселам на ова суштество и на неговата одважност да си земе име спротивно на камелеонот, и така да ме направи да изгледам паметна.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ова е збирка случаи на веќе завршени и пресудени работнички спорови, добиени од страна на работници-тужители кои се одважиле да ѝ застанат на патот на бескрупулозноста на своите работодавачи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Откако наидува на крајно непрофесионален, дрзок и игнорантски однос од претпоставените и откако увидува дека е изманипулирана и практично не постои можност за вонсудско решавање на спорот, таа – заедно со уште десетина работнички 282 кои се најдоа во ист кош, а охрабрени од позитивното искуство на некои работнички од истото трговско друштво, кои уште од порано се одважиле спорот да го решат по судски пат – решаваат, во јули 2009 – та, да поднесат колективна тужба против нивниот довчерашен работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но сепак, и покрај сите перипетии, како што наведува уредникот на оваа студија – нашите работници знаеле да се одважат, да кренат глава и да организираат штрајк.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И што му останува на, така дотераниот театар, освен да наоѓа замерки на „кибицерите“ на оние што го меркаат со одважност на искусни мажја, па онака, поради ефтина забава му нудат партнерство.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Неговата насмевка ја потенцира неговата одважност и истата ја чувствуваат и најтапите луѓе.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Дали таа ќе се одважи и на еден Станиславски или Брехт да му каже: „До кога мислиш вака да се глупираш?“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Пополека еден од полицајците се одважи и тргна со вперен пиштол накај Павле.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Или да бидеш одважен лажен црв под земја напикан на стопани многу.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Помеѓу чеканот и наковалната Денес работниците во Република Македонија се соочуваат со континуирана деградација на работните места, ниски и нередовни плати, понижувања и малтретирања, работат онолку колку што ќе им рече газдата, а оние кои ќе се одважат да се спротистават често се на „мета“ на работодавачите.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК