одбранбен прид.

одбранбен (прид.)

Им предложи да ја зголемат својата вооружена одбранбена дружина од триесет на сто земски сејмени. А која ќе стане нужда, сите да трчаат со оружје в рака и да ја бранат својата слобода.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И во исто време ги утврдуваа старите и со најголема брзина градеа нови одбранбени линии.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се раскара со Бешот и другите организациони луѓе, го протепа во Градешница и самиот селски војвода Гулета, ги тевтиши Старавинци, Вешивци, Грунивци што избегаа од Витолиште и ја почна пак арамиската.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така сфатен, хуманизмот на авторот на двете Пасквелии звучи како несвесен одбранбен гест што уметникот го отправува кон сите стравои со кои новото време во својата бурна надојденост одново како да го загрозува неговиот идеал.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И ние се држиме. „Одбранбена зона е дел од главниот одбранбен појас што го држи дивизијата или бригадата.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Моето единствено одбранбено средство е тоа што знам дека политиката не може без науката и уметноста. Макар колку да ги злоупотребува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тогаш сопственото јас не посакува толку очајнички да се воздржува од своите одбрамбени трансцендентности.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Каква и да е форма на разбирање го загрозува неговиот целокупен одбранбен систем.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тој е делумно одбранбен („Ако сум мртов, никој не може да ме убие”); делумно е обид да се потврди поразителното чувство на вина кое ја измачува индивидуата (отсуство на правото да се биде жив).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Уште тогаш забележал дека градот не можат да го спасат од странски упади никакви одбранбени ѕидови, граници, како што може тоа да го стори природата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се говори дека „треба да се соберат сите одбранбени сили против деструктивните сили, кои денес владеат на културното поле на татковината“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Адвокатурата го ставаше во некаква одбранбена дистанца во однос на режимот што му овозможуваше полесно да се здобие со довербата на обичните луѓе.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Рече дека денес, особено луѓето кои се членови на Партијата, се залагаат со сите сили за „организирана народна културна дејност“; говореше за неодложната потреба „да се соберат сите одбранбени против деструктивните сили, кои денес владеат на културното поле на татковината“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тие луѓе од циркусот навистина го доживуваа светот надвор од нивниот круг, околу нивната одбранбена територија како опасен и чуден; сум читал дека сите животни имаат таква одбранбена зона, и дека таа се движи од неколку милиметри кај мравката до три метри кај лавот; тоа дресерите на лавовите добро го знаеја, и должината на нивниот бич беше токму толкава колку што изнесуваше „забранетата зона“ за влегување во просторот на животното.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Си го задржа судбинскиот одбранбен рефлекс секогаш да реагира пред ударот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Како глава на бројното семејство Буколовац, Трајко бил и чувар на амблемата – магарешка глава со ѕвезда на чело, а испод глава полегнати на во косо две секири и два долги ножа, сето тоа исцртано на одбранбен штит, кој го носеле пред себе нашите предци.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Каде чадорите наутро се храбри копја вперени во кроткото сонце а на пладне се претвораат во кукавни одбранбени штитови.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Така беше и кога Италијанците ќе запреа пред нашата куќа крај Езерото, да постават митралез, или некоја одбранбена кота, мајка им проговоруваше на италијански јазик, како Италијанка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Само со чисти сонови во чиста Европа Макар што Европа се римува со тропа А некои дури велат дека Европа Им личела на старски дом на историјата И во неа имало пржен воздух преку сите мерки А накај НАТО се одело во јато Освен ако некоја гуска не се загуби по пат Кога се сонувало за Европа и НАТО Не се штедело боја за крвната слика на нацијата Колку подобра крвна слика Толку посилна одбранбена способност
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Армијата е нација во нацијата: таа е порок на нашето време !, запрев на една мисла на Вињи, кога високиот офицер со босанско, муслиманско презиме на иќ задоволно го завршуваше предавањето, покажувајќи ја моќта на нашата одбранбена стратегија и немоќта на западниот империјализам да нѐ загрози преку Јадранското Море!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе