одбере св.

одбере (св.)

АНЃЕЛЕ: И сакам некоја да си одберам за жена!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Гледај побрзо пуштај пари да ја омажиме сестра ти, да одбереме едно гајле, оти еве и таа дваесет на Митровден ги наполни.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
САВЕТКА: Јас пак ќе речам: клето и проклето да е тоа девојче кое само тргнува да си бара, со љубов, маж, а не си го зема тој што родителите му го одбрале.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А сега каде? Која школа требаше да ја одберам - жолтата гимназија нема од жалост по кралот или школата за злосторници на дивиот Кузман?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И со тоа Доста го премести својот план на друга страна: да го брише еднаш за секогаш Крчето попово од умот и да и остави полна слобода на ќерка си, таа сама да си одбере друшка по нејзиниот ќев и волја.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Познато е само тоа дека во пролетта на 1516 година дошол во Вишеград јаничарскиот ага од Цариград со педесетина јаничари и ги распратил по блиските села да го соберат познатиот данок во крв, т.е. да одберат здрави христијански деца, да ги земат и да ги одведат во Стамбол за јаничари.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тогаш, Марија, одбери го денот на нашата свадба.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Одбери таква задача од која никој од нас нема да се врати жив.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Христов се скаменува на местото и одеднаш така скаменет почнува да говори, да говори гласно и со подигнат глас, да го чуе Луков.) Освен, освен тоа, ние мораме да бидеме горди, горди што нè одбрале баш нас и нашиов дом за една таква историска, историческа, задача и...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Само тоа сакав да ти кажам. Лошо си ја одбрал. Ако мислиш поинаку, можеш да останеш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Гледај, промисли ти. Одбери сам. Само нема поблаг леб од оној што се јаде со вакви раце.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Одбра за тоа една поиздигната вршка понатаму.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јас ќе влезам во одајата да ти одберам и да ти донесам друга книга.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Дружината на бродот одбрала друг капетан и животот меѓу нив почнал убаво како и порано...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Ќе те одведам, - ѝ реков. - Ќе ја одбереме најубавата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Одбра едно, го избриша со дланката и ги закопа забите во неговото сочно тело.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Огнот мораше да го чува. Одбра едно подебело, јазлесто трупче и го стави да тлее.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ваквата перспектива, која ја одбрал авторот, всушност им ја ограничува на ликовите можноста да го разјаснат цинизмот на војната.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Многу те поздрави дедо, - рече Бојан, - и рече ти да ни одбереш кученце. - А за тоа ли дојдовте?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Му даде име Скрче, и му ја одбра најдобрата ѕвезда и му претскажа добра судбина: здрав, умен и продолжувач на лозата од татка си. Под таа ѕвезда и растеше Скрче.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК