овошен прид.

овошен (прид.)

Низ набујалите од плод и зеленило овошни градини, се зададе бесна ала со широко размавтана сина антерија.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таму имаше многу овошни дрвја.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
А правевме и ќумур за ковачите во Прилеп и во Битола. Од Битола купивме и овошни дрвца.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога по долго време ги преболе пчелите, зафати да експериментира со растенијата: на посебно земјиште кое постојано го обогатуваше со сол, засади разни овошни дрвца за да добие овошка која место благи плодови - ќе дава солени.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Небаре овошна смрдулка да сум згмечила меѓу прстите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Весници - - не читам, одгледувам кокошки на старински начин, имам еден кош дечиња, овошни дрвца и жена - толку! Допатувував да купам трактор.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Оди по патот крај кој е припиена и реката одејќи заедно со него како впрегнати во јарем; на некои места патот ѝ одзема на реката, а на некои места таа му одзема поткопувајќи го; дури долу во полето се одвојува од него и напојува ниви и бавчи, овошни насади и лозја, се провира низ трњари и капинари и други неплодни скрки и стрништа, спојувајќи, како божја рака, диво и питомо, плодно и неплодно, одгледувано и запуштено.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Колоните полици се сокачиња специјализирани продавници полни со минувачи, а пред една таква турканица, мислам дека беше во „уличката“ со млечни производи, претпоставуваш – онаа со сите оние овошни јогурти, милк-шејкови, путери од кикиритки, мини нес-кафиња со сламка, млечни кремови, ете го Врапче.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Долинки со зеленило, куќи со керамиди, овошни градини, лозја, дуќани.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
ЈЕМИШ - овошје, овошни плодови
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Сладострасно, како овошна салата, преметнував парчиња идеи како сѐ да исфрлам надвор.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Зад нашата куќа беше полето: лозја, овошни градини, канали за наводнување и полски патишта.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)