овоземски прид.

овоземски (прид.)

Професор Ричард тврдеше дека 34 конквистадорите за своите успеси во Америка не треба да им бидат толку благодарни на коњите и на барутот, колку на бродовите, односно на фактот дека за нив, наспроти поимањето на Индијанците, скокот преку океанот беше наполно овоземска работа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Главниот јунак требаше да биде Роналд Колман или Оливие, некој со повеќе достоинство и со помалку овоземска едноставност.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
__________ 17 Умберто Еко во Името на розата говори за таинствената мудрост поради којашто различни појави можат да се именуваат со слични зборови, а Божјите ствари да се означат со овоземски називи (1984, 271).
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
За небото и бескрајот да има место на мојата Карта, пред овоземските преобразби отворена: новоформираното острово на Тихиот Океан јануари 1986.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Додека беше жив тој беше пресилно во историјата, но најмногу го мачеа неговите трансцедентни илузии со овоземски апетити.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На секого може да му се случи, а ете се докажа дека и таа не е повластена во овоземскиот, човечки живот и не е, ама баш, никаков исклучок од неговите правила.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)