објало ср.

објало (ср.)

– „Ами за Сивета и Чулета како веруваш, бре татко, да за мене да не веруваш му рекол Силјан и си го собул објалото од десната нога та му ја покажал ногата кај што му била заварена“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
АНЃЕЛЕ: Па... не беше гол — имаше опинци, објала, гунче...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
И првкањето на говедата и клоцањето на луѓето во сонот и миризбата од нивните испотени мишки и собуени објала и чорапи. Сѐ се слуша, бре, ама сѐ.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги даваше за грав, за жито, за волна, за чорапи и за објала, за штавени кожинки, за кој што има.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Палеа и слама, лепешки, објала, козина, пиперки, за да ги бркаат. Ништо не помагаше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
„Сакаш да кажеш дека ти украле грош од објалото“, рече тромаво Никифор Ганевски.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со години луѓето на Кукулино го прераскажувале настанот на тој ден; внуците дочекувале внуци и се сеќавале на прикаските од детството: пред жените во црно одела со тврди чекори игуменијата Минадора во арамиски објала и со неголемо знаме - златен и збрчкан лик на модро платно со црвени рабови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со опинци и бели објала испрекрстено опашани со ремење, со пиштоли на појас и со реденици фишеци на крстот ставени преку градите, со брада до појас, обраснат, со каплак на главата, со пушка во левата рака и со гуна преку рамената. – Добро утро, добри луѓе- рече тој гласно.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Почекај, ќе те фатиме и ќе ги врзуваме опинците и објалата со твои жили.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога попладнето отидов кај Нешко на Мија Метелов од Долно Маало, стрико Мијо го најдов како ги обува опинците и со ремичките на крст ги врзува и стега белите објала до под колениците.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)