обраби св.

обраби (св.)

Еден млак небесен сноп го убиваше со упорно настојување да го обраби со разводнет метал неговото ниско, испупчено чело.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Гледај! И гледаа. Зелена долина змиулесто пресечена со бистро поточе, обрабена по ридовите со високи букови шуми, ишарана со ливади, жолти стрништа, овоштарници, зелени компиришта, папрат...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Насекаде околу нив градот мрмореше. Улиците беа обрабени со зелени стебла.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Си ги наметна палтото и шалот Сликарот и излезе на улицата која го обрабуваше морето и тргна по неа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Крупните сини очи ѝ беа невешто исцртани со зелени линии, а светлоцрвениот кармин се беше излижал од средината на нејзините полни усни, обрабувајќи ги со една разлеана линија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Дури и униформата му беше посебна, кафеава, со жолти ширити обрабена.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Вилата на Ниротакис беше во непосредна близина на неговата фабрика за текстил во Дренок; по неколку метра од оградата на фабриката требаше да се мине стилизираниот железен мост преку реката и веднаш, на аголот од левата страна на мостот, се простираше убавото здание среде густ овоштарник обрабен по страните со два реда лозници.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А, таа не умееше ни да ги прими, ни да се заблагодари зашто од хортикултура знаеше само да ги окопува леите во дворот и да засадува пипер и патлиџан, а во браздите што ги обрабуваа плодоредите да сади ред ниски, ред високи цвеќиња... од најселските.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)