обои св.

обои (св.)

- Не, Зоки, - вели тато, куќата и прозорците можат секако да се обојат, но тревата не може никогаш да биде црвена, ниту пак небото кафеаво или пак покривот зелен.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Утрото осамна бело. Шумата, папратот, ливадите, ридјето, сѐ беше завеано, сѐ на ист начин фатено, обоено.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Зависно од определбите кои не се лоцирани само во литературната свест, се доаѓаше низ одделни анализи до сознанија за прозата на Чинго кои беа извонредно силно идејно тензирани, обоени со сите реперкусии на политиколошкиот аспект.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кога го читаше Бајрон почна да накривува, после Бодлер ја обои косата во зелено, а средбата со загадочните Франц толку го потресе, што веднаш на Вера својата платонска љубов од женската гимназија, отпочна да ѝ пишува долги писма, насловени со „Милена“!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
* На маслото истури му платно, импрегнирај го мозокот, обои го твоето сеќавање! На изложбата (на ококорените сомнителни очи) не покажувај им го виножитото во левиот џеб од панталоните.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Наскоро лентата ќе се обои и летањето ќе стане сосема неможно.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Од физиката е позната особината на белиот зрак да се обојува црвено, со поминувањето низ запрашената полипроѕирна средина со извесна густина и дебелина.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Стави контактни леќи и обој ја косата. Не посака.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сите метални прачки на страните од креветот се обоени со различни бои.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ја средивме собата и ѕидовите од црно ги обоивме во бело.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Нејзините перформанси на еден вознемирувачки начин ги комбинираат спокојните, банални, секојдневни активности, повредите и болката - голтање на гнило мелено месо додека гледа ТВ-вести во намерно неудобна положба; наизменично ранување со жилет врз стомакот, очните капаци, лицето и рацете додека си игра со тениско топче (Психа, 1974); бескрајно гргорење со млеко сѐ додека исплуканата течност не се обои со крв (Sang, Lait Chaud, 1972); искачување со незаштитени стапала и дланки низ скалички составени од жилети (Escalade Sanglante, 1971).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сонцето неверојатно брзо паѓаше зад планината, на Запад, накај Скопје; со секоја измината минута светлина стануваше поинаква; беше тоа светлина што гасне и поинаку ги обојуваше нештата од миг во миг.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Решија чуновите да ги прилагодат на новото време. Дури и ги обоија црвено, а на клунот им цртаа петокраки со срп и чекан.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Останав со Луција; таа ме бакнуваше страсно во устата, како да сакаше нешто да ми надомести; мене ми се гадеше и ми се блуеше; ми зборуваше дека тоа со народниот дух е сериозно, и дека сум требал да признам, но не сѐ и не одеднаш; дека сум требал да признам нежно, а не со гордост; не ја слушав, оти свеста ми беше на работ; ја прашав дали забележува дека боите воопшто не се обоени, и дека мирисите воопшто не се миризливи; попусто се обидував да го насетам мирисот на цимет во нејзината коса, оти веќе го немаше; бев сосема прилепен до нејзините гради, и ги чувствував на моите, но тие беа како брадавици на некаква мермерна Венера; всушност, чувствував дека светот е страшно изморен, и дека сите тие бои, мириси и допири се веќе стари, дека им треба обнова.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Партизанот што одеше по мене нешто рече и одеднаш се најде пред мене, па сувата трева веднаш се обои со крв.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Освен тоа, усните сведоштва ги обојуваат работите, им даваат колорит и тон и душа на настаните.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Под неа десно, каде што завршува засекот, сум го одбележал школото, еве, тоа било школото, со две училници, жолто обоено и со големи прозорци, сега црни правоаголни дупки.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се сетив на чичковците и како ми рекоа да им кажам на другите деца дека мостот е свежо обоен.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Денес дошле некои луѓе и ги поправиле лулашките. Го обоиле и мостот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Од што ги кинеше ливчињата прстите малку ѝ се обоија на врвчињата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Повеќе