обликува (несв.)

Го обликувавме шаторот, ги наслушнувавме туѓите чекори и правевме љубезни изрази на лицата. Никој не ни обраќаше внимание.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
7. Божице строга, Ти што ми претскажа вечна скитија, Ја претчувствуваш ли необложноста Една нова материја во облик на македониум Дека ќе го обликува светот од пепел Или ќе ни ги исцели раните?
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Сето ова е направено така за да не создава никаква дисонанса со природата што го обликува.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И така, од моќ во ноќ , напоредно со моето се побавно пишување, се сменуваа многуте Рубини Фаин, Се додека во сеќавањето не остана нејасна силуета на жена што заприлегала на неподвижноста на камен, или на камен од кој природата обликувала жена.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И гледам: една безлична, хаотична глинена маса одново како се обликува во еднаш веќе обликуван израз и како еден видлив бог го надополнува својот невидлив и строг претходник, кој одамна беше ме создал.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Овој камен одгатнувал народи кои ја напуштале историјата, ја обликувал силата со која напуштените огништа станувале освета, им ковел мечови на воините и сам носел меч, но никогаш не се вратил понижен од војните.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
V Танаил каменоделкачот, работејќи долги години на својот занает, ги познаваше камењата во детали, на секој камен што го обработуваше му ја знаеше душата; ќе го пофатеше, ќе го испревртеше со рацете или со лостот, ќе го потчукнеше со чеканот неколку пати од сите страни, како железничарот што ги проверува тркалата на возот дали се пукнати, и ќе узнаеше какво му е срцето: здраво или не; ќе му биде ли верен до крајот на обработката или ќе му откаже на полпат; ретко му се случуваше да се излаже, да го делка некој камен, да го дотерува, да го обликува со денови, со недели, а често и со месеци - и на крајот да му пукне, да му расипе сѐ; а кога ќе му се случеше понекогаш тоа, - Танаил го фрлаше чеканот и глетото и налутено седнуваше крај каменот, неверувајќи дека навистина му откажал, распукал; врвеше со прстот преку пукнатината како преку рана, како преку болка; стоеше така долго време загледан во пукнатината и сиот ифрит, јад, не земаше веднаш друг камен да работи; ќе испушеше цигара, ќе се напиеше чашка-две ракија, и откако ќе му поминеше маката и лутината, започнуваше да одбира друг камен вртејќи го долго време пред да го направи првиот удар со чеканот и глетото на него.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Мислите во главата ми се редат како бескрајна низа и секоја од јасно појасно обликувана и изречена.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Како таа сонуваше - така Реа тој сон го обликуваше во нејзината коса...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Нејзе ѝ проигруваа неколку солзи, чиешто навирање татко ми го чувствуваше уште пред да се обликуваат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми како да го насетуваше прашањето што сакаше да му го постави Чанга: – Длабоко, дури во дното на нашето сеќавање, постојат заборавени, изгубени празници кои го содржат и нашето создавање, обликувањето на нашата заедничка среќа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Иако во раните години на деветнаесеттиот век оваа дејност беше ценета и се сметаше за сериозен и корисен метод во процесот на истражување и обликување на стилот на писателот, многу повеќе отколку што тоа било пракса во изминатите векови, постоеше уште една струја со тенденција да направи пресврт во статусот на преведувачот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Симболизирањето на националните теми и квалитети не ги прави уметниците главни, туку главните уметници ги обликуваат подлабоките вистини за нив и нивниот свет, кои денес нужно ја вклучуваат вистината за националноста.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Терапевтот будно ги следи телесните реакции на Лена, координираат ритамот на нејзиниот говор и дишење, поставувајќи прашања кои отвараат простор за нови нарации: Ако таа го напушти бракот од љубов и страст за да биде верна како телесните добра сопруга и добра мајка во стабилен дом, кои настани ќе ја обликуваат нејзината иднина во годините што доаѓаат?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ова чувство на лична делотворност се воспоставува преку развивање свесност за степенот до кој одредени начини на живот и мислење го обликуваат нашето постоење.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тие ги поттикнуваат индивидуите да го прифатат своето сопствено потчинување, да комуницираат со своите сопствени животи преку техниките на моќ кои ги обликуваат, дури и нивните тела и гестикулации, според одредени “вистини”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Цел на функционалниот јазик е брзо и ефикасно да го обликува однесувањето на другите, за да ги реализира целите на поединецот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таквата контаминација на угледниот филозофски дискурс со книжевен текст што се смета за соблазнителен или опсцен и меѓусебната контаминација на нивните различни правила или начини на пишување, можеа да се причинат како силовити - веќе при самото „обликување на страницата“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мотивацијата за избор на псевдоним или на друго име најчесто произлегува од профилираноста на самата работа со која дотичниот уметник се занимава, односно во центарот секогаш е артистичкото дејствување кое го насочува и влијае на неговиот избор обликувајќи се во името како проектирана слика на самата личност и нејзината уметничка активност: Banana Queen, Texas Postal Art King, Art Tart, итн.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Tinguely впрочем обликуваше дела какви што се Подарок за New York и План за пропаста на светот, во кои раздвојуваше и конструираше машини (од часовничарски механизми, федери, погонски вериги, ламели, запчаници и други механички елементи), коишто се изложуваат самите, а при тоа произведуваат дури интересни звучни ефекти.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Повеќе