обиколен прид.

обиколен (прид.)

Во некоја вечер пред тоа, обиколен крај огнот со ѕвездесто распрснати сенки, им објаснуваше: „Некогаш вештерките ги топеле во смола и ги палеле со помамни славопејки за крстот.“ Смоларите не му веруваа; се подбуцнуваа кришум со лакти и се клештеа кон месечината.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Колку што во Париз доминира Ајфеловата кула, толку доминира и една од најстарите париски цркви - „Нотр-Дам“, која се наоѓа во зародишот на оваа метропола, во „Сите“, кое е обиколено од сите страни со Сена и затоа е одвоено од Париз, но со мостовите претставува една целина.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Простран, со водоскок, во самиот центар, на чии оснежени фигури наседнале младичи и девојки, фрлајќи топки од снег, обиколен со монументални објекти - старата зграда на општината, градена во минатиот век, достоинствена, со голем градски часовник, со две цркви, кои се реновираат, а во дното се златее големата и монументална „Палата на Републиката“, во која само во еден нејзин дел е Претседателството на ДР Германија, а сѐ друго во овој огромен комплекс служи за обичниот граѓанин - за негова разонода, пред сѐ за младината.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Истиот беше обиколен со густ бршлен за заштита од сонцето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)