обземе св.
обземен прид.

обземе (св.)

Таа радост и мене ме обзеде.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Одамна потиснати и заглувнати немири - нагло го обзедоа и растресоа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Панде премале од возбуда. „Таа е...“ - го обзеде неискажливо блажено чувство.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога ја прегрнував и бакнував ме обземаше чувство, кое не можам да го искажам, но кое би можело да се спореди со блаженото чувство на оние верници кои ја имале среќата да го видат и да му ги целиваат нозете и рацете на својот бог.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Арсо полека тонеше и се губеше во слабост и некакво матно задоволство го обземаше за тоа што чезне и гасне во магловина...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И му дојде сега наеднаш, нагрвали којзнае од каде од него, чиниш се породи некаква фурија во некои неочекувани длабини од него, заедно со едно беснило, што го обземаше, заедно со она лудечка желба да се издроби во тој снег, и сето тоа полека се вообличуваше во оној лик, оној одамна сретнат и чиниш умрен со заборавот ѕидар, воскресна, чиниш сега сретнат како нешто, што се случува веднаш тука, пред неговите очи, чиниш со неговото тело, и тој набргу се најде целиот себеси сегашен во тој одамнешен лик, а неговото тело веќе сето се завитка во она, што тој отпрвин го имаше само во сеќавањето за набргу да се најде сиот, и духом и телом, понесен и збеснет во тоа...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Притоа, додека го чекаше, тој немаше ниедна друга мисла, не мислеше дури ни на тоа, што значеше за него еден таков среќен лов; беше само еден благ трпнеж задоволство, што се раѓаше во неговата рака и во неговото рамо и му се ширеше по целата снага, обземајќи го сиот во своите топли бранувања.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бројката сосем го обзема, му поигрува во главата, му прелева врелина и пот, па тогаш со сигурност и со нетрпение почнува да пресметува: најважно и најпрво ќе направи куќа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Ќе ме кренат волци“, помисли, сиот обземен од ненадеен, засилен страв.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сега бледнееја Бојан и Денко. Сега стравот ги обземаше нив.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Братучедите ги обзеде отпор што сам од себе им проструи низ жилите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Не ја натераа на тоа познатите драматични настани, туку некое необично чувство што ја обземаше додека лежеше на своето легло од сено, во плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А од друга страна го обзеде чувство на гордост.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во таков Трајко, во неговите силни раце, Толе ја виде долгата берданка како пукало од бозеј во рацете на осмогодишно дете и навистина го обзеде, за првпат, страв од човек.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но кога ќе ги иставеше очите од книгата, кога ќе погледнеше кон прозорецот, кога ќе го видеше разбеснетото езеро како рика и како ветриште го нишаа и го корнеа прозорецот, повторно го обземаше страв од смртта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Дента кога Трајан отиде да го види Висара, татко му од Висар не беше дома; го најде Висара кај што гледа низ прозорецот со насолзени очи; Трајана го обзеде жал и го грабна Висара за раце: Ајде со мене, му рече, ајде да прошетаме по езерото.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сето тоа, се разбира, не сакав да ѝ го кажувам на Марина, зашто споредбата со нејзината втора мајка можеби уште повеќе ќе ѝ го загорчеше чувството на очаеност, што сѐ повеќе ја обземаше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Значи нѐ обзема есента а под моите прсти лисјето на времето лета како лисјето во градината.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Синот IV Мене ме обзема ова зајдисонце сино ти пак му го вртиш својот висок грб загледан кон некоја идна зора што само ти ја знаеш.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Бев речиси сам во црквата. Тишината обзема. Одморува.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе