обесхрабри св.

обесхрабри (св.)

Паднатите трупови од нивните другари ги обесхрабрија, а Толе не им даваше да се појават на западната страна на чуката, та го држеше слободен тој простор за повлекување.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И кога грешиш, и кога не ќе ти оди како што сакаш, не губи волја, не обесхрабрувај се...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
III Мил по цел ден времето го поминуваше во лабораторијата; работеше експериментираше и не се обезхрабруваше: но му беше криво што никој не го разбира да го помогне, да му даде средства за да го реализира овој свој потфат; селаните и пред тоа не му обрнуваа внимание, а особено сега кога секој ден трепереа и не знаеја што ќе се случи со селото, со нивните животи.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Капитализмот во темните работилници; фашизмот, со декрет на Мусолини во 1923 година, ќе се обиде во Италија да ги обесхрабри козарите наложувајќи зголемен данок за секоја коза...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од друга страна, нискиот данок на дроги не би ја обесхрабрил потрошувачката, по­себно не на оние дроги кои, како крекот, создаваат зависност која не се обзира на цена, живот, излагање на опасност или достоинство.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Укинувањето на кривичното гонење би ја зачувало законската забрана за уживање на дрога со што веројатно донекаде би се обесхрабрила побарувачката, додека луѓето што се загрозуваат само себеси не би се апселе. Со тоа би се намалило оптоварувањето на полицијата и би се снижиле трошоците за издржување на затворот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Па сепак не ги беше напуштил до крај, зашто секогаш кога остануваше обесхрабрен од потрагата по сиџилите, се препушташе на записите за јагулите...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Меѓутоа, при секој обид да ги разбере историските процеси, карактеристични за сопствениот народ и за неговата историја, постојано се соочуваше со неизбежните парадокси кои како да го обесхрабруваа да дојде до јасна, разбирлива интерпретација на балканската историја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
2. Во серијата репресивни мерки, кои имаат тенденција да го обесхрабрат штрајкувањето, се и следниве: 55 а) наместо одредбата која предвидуваше дека штрајкувачкиот одбор е должен штрајкот да го најави најдоцна пет дена пред денот определен за негов почеток (чл. 3, ЗШ/91), сега се воведе една одолговлекувачка обврска која предвидува дека штрајкот не смее да започне пред завршување на постапката за помирување, согласно со овој закон и „акт на министерот надлежен за работите од областа на трудот“ (чл. 236, ЗРО/05); 38 б) работодавачот, односно здружението на работодавачите, може да бара од надлежниот суд овој да забрани организирање и спроведување на штрајк спротивно од одредбите на Законот, како и да бара надомест на штета која ја претрпел поради штрајкот кој не е организиран и спроведен во согласност со овој закон (чл. 242, ЗРО/05); в) воведени се посебни правила за работите кои не смеат да се прекинат за време на штрајк:
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тој посебно нагласува: „основно е дека ниту еден член од нашата организација не треба да има ништо со овој човек и секој интерес што би произлегол како резултат на локалните контакти или обиди да се заинтересираат нашите членови за него мора енергично да биде обесхрабрен.“
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И обајцата имаа чувство дека се блиску до вистинското решение, до вистинската тема, но нешто истовремено ги оддалечуваше, обесхрабруваше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)