обвини (св.)

Можеме ли ние по тоа да ја обвинуваме Русија во неискреност и поддупување? Зошто тогаш да ѝ се лутиме на Русија?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Издавањето на овој весник не можеше да им се бендиса на српските шовинисти, затоа српските весници подигнаа шум против издавањето на „Балкански гласник” обвинувајќи го неговиот редактор за сочувство на македонските комитети, како резултат на кое тој беше протеран од Србија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Србите можеме да ги обвинуваме за шовинизам; но тие не се поголеми шовинисти од Бугарите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Затоа тој секогаш само Неа ја обвинуваше, само во Неа го бараше виновникот за плимите и осеките што го растресуваа нивниот брак.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Престанаа дури да ми веруваат дека сево ова се случило и ме обвинија дека сум го измислил.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Гледајќи ја оваа маса од расчувствувани лица, Арсо се прашаше самиот себеси, зошто овие сериозни лица - запотени, стеснети и опијанети од љубопитност, ги заборавиле своите секојдневни работи, многу важни за самите нив и се претвораат овде во наивни, пакосни или добродушни гледачи, зашто им е потребно тоа да се согласуваат со оние што обвинуваат и на таков начин да си ги прават душите тврдокорни, барајќи во себе презир, непопустливост и казна за оние што се млади и непокорни, но очигледно способни да ја платат највисоката цена за таа своја непокорност, за тоа свое несогласување и за мечтата за нешто што го нема, но треба да дојде, зашто без него нема смирување и среќа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Напразно ме обвинувате, кајмакам ефенди!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Оставете... Не зборувајте за тоа... Не ве обвинувам...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Бре, какви ненаситници сме, велеа луѓето, го истребивме езерото; се пцуеја, се обвинуваа меѓу себе, но штом ќе чуеја дека пак бучи езерото, дека пак дува југот, скокаа од сон, се будеа и трчаа крај езерото да видат да не се повторува истото чудо.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Од истргани зборови прават нови реченици што ќе ме обвинат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе нè обвинат дека сосила сме ја одвлекле и ќе кршат погача преку наш грб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А ќе ме обвинуваше ли сега да не ги спасев?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Отфрлен и потценет од угледните бегови, жолтолик, жолтоок и жолтобрад, под широката облека со повеќе коски отколку што му се нужни на еден мислител, не сфаќајќи дека попусто крева глас и дека дури и селаните бегаат од него, се решил да појде во Стамбол и да ја обвини грабежливоста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можев чисто да ги обвинам дека ми го загадуваат воздухот во Републиката и со првата сосетка што ќе тргне по мојот пат да основам Балканска заедница во која тие ќе можат да бидат примени.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Што се однесува до вината на идеологијата, според него, „само таму каде што акцијата може (недвосмислено) да се определи како идеолошка можеме да зборуваме за идеолошка принуда и за последиците на идеолошката акција да ја обвинуваме идеологијата“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Толку фин (толку артифициелен!?) што го обвинуваат за декаденција.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
* Ја обвинуваш машината за пишување за твоето непишување.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Некои личности како што се Вилијем Бенет (William Bennet), кој своевремено се наоѓаше на чело на кампањата против дрога, ги обвинија „интелектуалците“ поради тоа што воопшто и го покренуваат прашањето за легализација.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во еден миг го обвинуваа Том зашто не продолжуваше напред, но веднаш потоа се свртија кон коњаникот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ме обвинува дека јас сум причината за болеста... Сугестивен е...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК