ноќница ж.
ношница ж.

ноќница (ж.)

Во скудната фенерска светлина ја видува жената, тенка, еластична и елегантна во светлата свилена ноќница.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И кога ќе легнеше да спие, и ноќницата што ја носеше под расото, ѝ беше исто така долга за да не ѝ се види белата кожа на телото, која веќе ѝ стана одбивна и ја гледаше со преѕир.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Беше облечена во нешто што личеше и на домашен фустан и на ноќница.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Студенилото на спалната соба ја стресе низ тенката ноќница, па триејќи си ги рамената со рацете, дојде до прозорецот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Доаѓаше со своето мало торбиче, во кое беше нејзината ноќница, нејзиното шише со лимонска тоалетна вода од која никогаш не се разделуваше, доаѓаше со чоколади за децата, со тегла ајвар или слатко, што ги беше подготвила сама, таа есен, и со книга од Татковата библиотека.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Телото ми се вкочани, но тоа не го запре да ги пикне рацете под мојата ноќница и да почне силно и бавно да ме фаќа, штипе и гребе по бутовите, стомакот и градите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ребека мирно влезе во постелата, облечена во белата ноќница под која, Јаков знаеше, таа не носи ништо.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
потем се наслутува сѐ почесто во глувиот ноќен јасник како слана (во споредба со неа, снегот е мек и топол, Господине) во забраната да се верува во чувствувањето срам да се признае мечтаењето по неа и скришното вљубување во зазорот и распрашувањето за смислата на животот (најдолгите чудења се загушени од банални спреги) во сѐ поприсните признаци од сонот - таму кајшто живееме однапред, повторно и можеби безгранично, таму кајшто времето не се мери со просторни величини и кајшто, конечно, не се дели иако, да признаеме навиката да живееме раздвоено нѐ збунува сега едно-по-друго се подготвуваме да заспиеме да ја избереме спалната, креветот да постелеме нови чаршафи само за една, за наша употреба купуваме ноќници за истата прилика се тревожиме од наглите отворања на вратата низ којашто проблеснува вселената сѐ до неиздржливата глад по Неа.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Јаков ја подаде раката и ѝ ја закрена ноќницата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Немаше деца иако имаше тело кое, помислуваше Јаков секогаш кога ќе ја видеше подготвена за љубов, дури и под долгата бела ноќница што сега ја носи, повикуваше на бескрајни оплодувања.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Откако ја голтна бабата, волкот облече ноќница и си ја стави нејзината капа“, ха ха, каква травестија, боже, и тоа тројна, сексуална, зоолошка, дури и генерациска.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
На крајот од спалната, во аголот, на еден кревет, лежеше Клара во бела ноќница.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Повелете во нашата продавница која е на излезот – тука се делата на нашите драги пациенти: чорапи и шалови, ноќници и фустани, марамчиња и крпи, предмети изработени од дрво,“ ми рече доктор Гете, а потоа продолжи да ми раскажува како се живее во Гнездо: „Будењето е во шест – прво се чисти она што се растурило во текот на ноќта, под надзор на болничарките, а тоа не е едноставна работа, како што може да ви се чини на прв поглед.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Седнав на креветот, покрај мртвото тело во бела ноќница.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Значи, пижами во спална се строго забранети и позади таа врата е дозволена само ноќница, и тоа кратка, многу кратка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Торзото на Рада под проѕирната ноќница сјаеше со алабастерска белина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пред прагот на нејзината соба стоеја сите, Рада беше во црвена ноќница.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)