ноќеска прил.

ноќеска (прил.)

Со одвратност од себе сонот го оттурна она, мислите црни ги гони; но пак ја обградија мачните слики од сонот ноќеска што ѝ се сони. Штом шушнува нешто - смуртеното чело го крева сигурно синот ѝ ќе е!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Лебами, Ристе, да не веруаш оти ноќеска ќе заспие.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Најпосле и Велигден дојде. Дедот поп Трајко неколкупати излева ноќеска да види што коа е и таман Деницата се јави над Српјановец, си ја зеде торбичката со алатите и пукарачукара, дојде во црквата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Влајко Лазев, Мало, Чолакот и Сребрин им советуваа на веачите да не брзаат, да остане мерењето за утре, за да можат ноќеска да спијат по некое и друго кило, ама Сулиман ага, и тој чивчија по занает со чифликот во Лагот, многу убаво ги знаеше сите марифети оти тој самиот им ги правеше на спаиите, па им даде зорт: довечера да биде мерено житото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Децата патем нагоре разбраа што се случило ноќеска.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тргна полека надолу мислејќи само на работата што требаше да се стори ноќеска и така речиси и не сети кога сурнал в река.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Германецот бара да престанете со пеењето. Ноќеска го убиле брат му кај бензиските складишта. Заканува, ќе пука.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Нека остане ноќеска овде.“ Го отвори очите и се исправи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Само чу - „Нека остане ноќеска овде. Инаку, нема смисла.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сонував ноќеска, или слушав во сонот, не знам салам.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ако е за колење, ноќеска ќе нѐ изведат и ќе нѐ исколат: ако е пак за пари, чекајте ги утре рано.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А сеќаваше дека се поти од нив по челото и по грбот. - Ноќеска.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури тогаш помисли на оној, што пукаше ноќеска, дробејќи го стаклото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Затоа и ноќеска страот од дивината беше кај Претседателон онаков...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сите се исплашија. Какво ли пак животно било овде ноќеска!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- А кој е ако не си ти? Кажи, влегуваше ли некој овде ноќеска? - Влегуваше... - Кој, коој! – скокнаа децата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Но денеска пак му ја зедоа со пцуење, зашто ноќеска сите ги растревожи и ги натера да дотрчаат кај него дома, вооружени и готови за борба.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ноќеска можам да спијам спокојно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Бојане, ноќеска ќе спиеме кај вас. Задоцнивме, се расипа џипот...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Мириса на снег. Ако натрупа ноќеска утре не ќе можам да си појдам.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе