носорог м.

носорог (м.)

Тоа го видов утредента кога ме разбуди силна врева од која можеше и носорог да оглувее.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Ни змија, ни лав не видов. Видов глутница антилопи, неколку зебри и еден носорог.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Сум слушнал дека мнозина се плашеле од мечка, волк, носорог, змија.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ѕирнав од прозорецот што го нацртав на авионот и видов под мене, долу - слонови, лавови, зебри, жирафи, антилопи, носорози. Беа мали како желки.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Една многу убава алегорија за среќата и еден поглед на бурната историја на Балканот и владеењето на идеологиите. Méditerrané, juillet, 1997 Макар што во средиштето на дејството на романот Времето на козите, нема повеќе кози колку што нема носорози во драмата на Јонеско, романот на Старова е парабола, метафора чие значење постојано нѐ одминува...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Може и побенигно: Маргина/Темплум е една птичка што дреме врз дебелокожестиот носорог, гребејќи се од него како од извор но едновремено и штитејќи го од гадните вошки.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)