носорог м.

носорог (м.)

Видов глутница антилопи, неколку зебри и еден носорог.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Ѕирнав од прозорецот што го нацртав на авионот и видов под мене, долу - слонови, лавови, зебри, жирафи, антилопи, носорози. Беа мали како желки.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Тоа го видов утредента кога ме разбуди силна врева од која можеше и носорог да оглувее.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Една многу убава алегорија за среќата и еден поглед на бурната историја на Балканот и владеењето на идеологиите. Méditerrané, juillet, 1997 Макар што во средиштето на дејството на романот Времето на козите, нема повеќе кози колку што нема носорози во драмата на Јонеско, романот на Старова е парабола, метафора чие значење постојано нѐ одминува...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК