носен прид.
носи несв.

носен (прид.)

И така дојдовме до националното наше име што го имаат носено нашите татковци, дедовци и најблиски предедовци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мече трепна од радост и јурна со количето надолу по патот накај реката, носен со немирни мисли ... ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ќе земам некоја наветво, велам, макар подносена некоја ќе земам, велам, а јазикот одново ми се здебелува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Низ вратата некако невидиливо, прелетаа Дедомразовите санки носени од сиви елени од див детер.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Стомакот му беше вовлечен и околу половината му се подзавртуваа сините долго носени работнички пантолони.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој ми беше оддесно, облечен во долго носена кошула со сино-бели коцки од слаба чоја.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А во тоа време љубовта беше нешто што трепери меѓу две души и две тела, време во кое страста беше опишувана како татнеж на вулкан а копнежот како дивеење на ураган, време во кое зборовите „душа“ и „страст“ и „копнеж“ беа изговарани и запишувани толку често, а најмногу од оние чие тело и душа едвај да затрепериле некогаш од страста и копнежот, што станаа излитени како долго носени чевли.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)