нокот м.

нокот (м.)

ТОМЧЕ: Ја нејќе! А зошто? Каква мана ѝ најде? Кал под нокти!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
— Ами снага? — Исправена како пушка, гради истурени напред, стегната половина, долги нозе, обли раце, чисти нокти, измиена, исчистана, како за пред човека, што би рекле мариовци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Гледаше како агентот се занишува, како паѓа и како уште долго гребе со ноктите по подот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се чинеше и ги закопуваше ноктите в месо, ја проколнуваше предолгата ноќ полна со подмолни заседи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Таа лежеше до него и со врв нокот чукаше по предните заби. „Беше мекуш“, млако одговараше. „Се враќаше доцна од конференции и легнуваше до мене како здробено пиле.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Можеби ќе измолам и - ... не доврши). „Не, не се враќам“ , рече, гребејќи го со нокти темето.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тој си ја извлече главата од под одарот. Ги виде вжолтените нокти од нозете на Арсо што висеа над него. - Несреќниче! - рикна во болка и навреда Глигор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе не можат да бидат — го тешеше Толе Петрета и му го покажуваше силниот Брниклија, кој со нокти му ја извади душата на војникот во Брник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Не, Толе. Ти нема да ме дадиш повторно во неговите нокти!..“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Некој ми донесе лански, вели Доксим Тренчески, а за нокот му избегав на куршумот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Господ да чува: помодрел во ноктите, во лицето. Рѓосал.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој лежи, а до него кучето, Чако, квичи, завива, гребе со ноктите, копа земја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да си плукнам под нокти, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чкрта, струже, отсекаде ги пушта ноктите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Шибам напред, се гребам, орлови нокти пуштам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да му извадам некој нокот за секој случај?
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Преку обете усни му се протегала гребаница - бодел со нож, бодениот се бранел со нокти, бодел брзо и со кратки удари и ја присвоил пушката зашто рацете му биле покрвави од на другите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Чекајте, браќа“, викаше тресејќи се во огништето Никола Влашки: „Дајте и јас малку да им ги копам со нокти срцата.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јоле врескаше, пискаше, клоцаше, со нокти гребеше и со заби касаше, та кога татко ми виде, стана од местото да го суреди.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Арсо Арнаутче со нокот ги чистеше забите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе