ноже (ср.)

Немирна мисла му проблесна во бушавата глава: тој се бркна в џеб и во раката веднаш му светна ноже.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Кога со тоа беше готов, со ножето изделка друго чамово дрвце, така колку да може да се протиња низ цевката.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Замавнало маченцето со опавчето и ја соборило мувата на земјата. Потоа со ножето ја згазнало.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Го погалуваше неколку пати по она негово главче, а тоа прво стоеше под неговите прсти, а после почнуваше да скокара по собичката, секогаш наново приближувајќиму се и отскокнувајќи со оние свои предолги и претенки ножиња.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, рожбата на онаа набиена темничина, која знаеше и толку да уплаши за веќе да не постои никаков завет, зад кој би можело подлабоко да се засолне, тоа животинче, што сега ќе беше уште една жртва на сета расплисната и ненаситна глад, што се клештеше со своите завивања по сета снежна пустелија надвор, ако не беше неговата врата, тој долгоушко, со своите кревки, растреперени високи ножиња, не можеше толку бргу да го заборави оној, што беше останал да крчи од другата страна на вратата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога се сврте зад себе го најде она свое јаренце исправено на високите, тенки ножиња, скаменето, како споменик на убавината и на невиноста на дивиот свет, несфатливо далечно од него и залушано кон таа ведра ноќ, целото потонато во одбирањето на сите нејзини шумови, настрхнато на нејзината белина, а во неговата стојка како да беше собрана и сета белина и сиот раскош и му ги носеше и во таа малечка собичка, во тој малечок заграб од белото пространство на дивината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Станаа какви што ретко можат да се видат во светот: во едната имаше илјадници ситнурии и матракулки: од игли за плетење и крпење до часовници што некогаш имале разноразни задачи: да ѕвонат, да тикараат, да гукаат на ѕидови и да се тресат по мали џепчиња; па потоа конзервички и тенеќиња со шарени обвивки и со натписи што можеш по цел ден да ги читаш и да не ги протолкуваш; шишулиња од разни големини и дебелини, кои можат да се носат воврени во прстите или пак наредени како цевки под мишките; белезички, прстенчиња, ножиња со рокчиња, шарени стомничиња, свирчиња, а потоа: рачки од чадори, поткови, бургивчиња, тркала од колички, панаѓурски штракачиња и што ли не.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Со ноже го распараа конецот од самарчето, го ставија внатре писмото, набрзина го сошија, и, како ништо да не било, се вратија назад и седнаа на буката.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Во мислите го проколнува своето остро ноже. А тоа ни најмалку не е виновно.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Тој лани седеше во неа. Тој имаше остро ноже и везден делкаше...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Тука нешто пишува. Некој со ноже си го врежал името! - рече Горан Стојчевски, кој седи заедно со Панче Василевски.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
На ист начин, држејќи се за работ, се наведна и го зграпчи другото ноже на девојчето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Ножиња за бричење во неа држев па реков да ти ја донесам. Можеби ќе ја сакаш, а?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Бојан го склопи ножето и му го врати.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во едната рака имаше јаболко, а со ножето во другата сечеше фелчиња и ги принесуваше в уста.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Бојан се наведна. Со едната рака го фати ножето од девојчето, со другата цврсто се зачепи за дрвениот раб од стубелот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога го дојаде јаболкото, внимателно го избриша ножето со два прста, го затвори, го прибра в џеб, ја забриша устата со рака и ги сотре дланките од панталоните.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
3. ВЈАСА КАКО ЖЕЛКА ПРЕКУ УГАР - крене ноже, бутне грутка, еј гиди!
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Тресејќи се од страв, го пушти првин едното ноже кон студената вода, но брзо го повлече.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Кравата рика од пондилата, телето прета со ножињата, веќе не може да се одѕвие.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе