ногавица ж.

ногавица (ж.)

- Да, на камен се збуни Кузман, стана од земја и ги истресе сините ногавици извалкани од прав. - Таков е животот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Гимназистите си дојдоа од Прилеп во градски алишта: палта запетлани до гуша со жолти петлици, пантолони со широки ногавици и нови углеисани фесови со нови пискулчиња.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ми ја гледаш ногава, му велеше учителот кревајќи му ја ногавицата. Забележуваш ли нешто? Ја забележуваш ли лузнава?
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ме најде, си мислам, и се пофаќам за ногавица.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ние ги фаќаме за нозе, за ногавици, ги завлечкуваме назад.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги бришам на ногавицата од панталоните. Кога се исправам го здогледувам Наќета од Церово. Ја истранил главата, мислиш спие. Викам: Наќе, Наќе, ама не ми се одзива.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сапуницата му се сушеше на лицето - еве го, сипаничав воденичар! - само нешто во него е темно: попот се нишаше по својата сенка додека помеѓу кусите ногавици и чевлите со излижани топуци блескаше голо и бело месо.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сакам да ја засучам ногавицата, ама ногата, гледам, ми избегала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со денови шета сам дење долж пресушеното корито на реката ноќе низ пустината во себе и утринава тој се собува, ги засукува ногавиците, зацапува во празното корито, го собира камењето, го корне билјето, го зачистува дното; што се случило, сам се прашува, кај исчезна водата...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Стрелката само оди, само се покачува нагоре: шеесет, седумдесет, осумдесет, ветрот ни ги бушави косите, ни влегува низ ракави, низ ногавици, ни ги дуе алиштата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја засукувам ногавицата: раната повторно проработила. Остеомиелитисот. Се цеди сукрвица од садното, џглиботи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Амајлијата ја нашле во едната ногавица на долгите гаќи што се врзуваат долу, на педа над петиците, потоа побрзале да го запрегнат добитокот, сега во двојни јареми што ги изделкале од лесновски стебла.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имитирајќи шимпанзо, професорот Оливер ја протна раката низ десната ногавица од своите прешироки пантолони и со изненадувачка вештина му мавна на професорот Роберт со непристојно свиткан среден прст.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Зетот Богдан ја поткренал ногата повисоко од невестата, со цврст отсек, му се гледаат белите волнени чораби под ногавиците на бечвите порабени со гајтан; при замавот, дуплите ракави на џамаданот му се поткренале нагоре како крилја од птица; под фесот зафрлен кон тилот му стрчи парче коса како празови лисја влажна од пот; погледот му е свртен кон невестата која ја следи во играта.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Па стана, ги подвитка ногавиците до над колена, ги метна патиките во ретката трева меѓу камењата, и одејќи кон водата ги заврати ракавите до над лактовите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Прво го дрпна за ногавици еден од реонско ниво.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Со едно чувство на „језа” го фаќам предметот, зашто сигурно немаше да се шетам со предметот во ногавицата и да ги привлекувам сите љубопитни погледи врз себе, кои беа потенцијално урокливи.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Даниел ја избриша мистријата од ногавицата на своите панталони.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Една кокошка ги колвеше врвците од чевлите на Милан и една обоена дамка на неговата ногавица од панталоните.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Го вадам светкавиот, метален предмет од ногавицата и гледам дека тоа е memory stick, ама со скинато синџирче.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Повеќе