новороденче ср.

новороденче (ср.)

Шепотеше молитва што само тој ја знае; поточно: ја измислил со зборовите на некој предок, Јаков Иконописец или Круме Арсов, или некој што живеел далеку од нив колку и тие од него: ...нас сите со млеко од иста измитарена биволица нѐ доеле, господи наш севишен, и од еден склопец нѐ демнела сиромаштијата лутица, семето да ѝ се сотре и од правот нејзин да жугне берокуќничка добрина, и исти пијавици ни се плетеле место учкур околу папокот, орли врз темето лузни ни пишувале и штркови балабани низ грчмак срцето ни го ваделе и го пресадувале на новороденчиња, пред иста земја челото на камен сме го допирале, сме биле, не било не, не ќе сме, вечнаја памјат ни ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На шестото новороденче во таа година црните подбивачи сакаа да му дадат име Сирак, но попот го запиша во црковната книга како Никита Марко Проказник, на задоволството на Јага Перуника, им се тргаше од пат на разубавените селанки и со стара ракија во бокалче пред себе му раскажуваше на најстариот, на Богдан Јанков со козји уши и со господови тајни во себе, за природата, за Чарли Краков, за гасениците.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
За какви злосторства? се прашувале луѓето, За оние по кои не ќе остане за новороденчињата жена со боска, говореле и пак демнеле и ковале нови стапици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имаше глас на новороденче - пишти танко и грлено, никој ништо не може да разбере, ни збор ни болка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во последните две ноќи и во последните две разденувања, ни месечината ни сонцето не се запирале над толпата и брзале да бидат што подалеку од смртта на лутата крв што селанецот ја носи со себе од оној ден кога како глембаво новороденче ќе се стави на јачмена слама.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Исто така, ХИВ може да се пренесе на новороденчето преку мајчиното млеко.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Пеела песна Кијмет наведната над лулката над дете новороденче.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Затечено новороденче од силна чиста светлина!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа зеле од чергарите машко новороденче и кога царицата се породила тие веднаш ѝ го ставиле во креветот грабнатото чергарче, а новороденчето им го дале на чергарите.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И царевото новороденче било машко, но немало каде да се вратат назад...
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Здив Ух, ухни, воздивни, гукни, така се раѓа Зборот кога влегуваш во телото на новороденчето со првиот плач, единствениот на којшто му се радуваме - па те нарекуваме Живот кога се враќаш онаму кајшто човечка нога не стапнува - па те нарекуваме Душа напатена како вечност кога копнееш, до последен здив по белата пена во којашто се топиш од сласт, и исчезнуваш Ух, ухни вдахновено, така се раѓа Песната!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се обидував да ја растолкувам и оваа од приказна од илјада и едната од картагинската градина на мудриот Раиз, во контекстот на историските настани во древната Картагина, каде што не престануваше, како од оживеан вулкан да избива историјата, како од далечно делфиско пророчиште, близу пунските гробници на жртвуваните новороденчиња...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Веродостојноста на приказната содржана во неговите записи, сметал стариот монах, добива уште поголемо значење ако се смести покрај имињата и гласовите на новороденчињата; покрај плачот на детето и изреченото име од страна на кумот и тоа секогаш забележани под надзор на благата насмевка на светците.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Има една барака во која неколку жени се грижат за новороденчињата.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Неколку века подоцна, Аретаеус од Кападокија, во делото „За причините и знаците на болестите“ вели: „Пациентот може да замислува дека има земено друга форма од својата, некој верува дека е врапче, петел, или земјена ваза; друг дека е Бог, оратор или актер кој го држи жезлото на светот; некои плачат како новороденчиња и бараат да бидат држени в раце, или веруваат дека се зрно синап и постојано треперат од страв дека ќе бидат изедени од кокошка.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но онаа друга помисла, дека бил отфрлено новороденче затоа што бил несакан нов живот, го здоболувала до смрт.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Цветот што прв ќе ороне, треба по секоја цена повторно да расцути, ама тоа е како новороденчето да го враќаш назад во утробата на мајката, како откорнатикот да го засадуваш во родината.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Во замрените гради на уплаканиот селанец тагата-ко новороденче сред бел ден, пустош,...гнезда испразнети...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)