новинар (м.)

Таму во почетокот бил новинар, а потоа главен и одговорен уредник на списанието “Македонија“.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Простете, јас сум новинар, и чув од вашите соседи за нејзината храброст.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога дозна дека сум новинар од Скопје, тој се израдува и веднаш ми рече: - Прашајте, толку сакам да доаѓаат ваши луѓе тука!
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Разбраа дека сум новинар и, веројатно, им беше драг разговорот со мене.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Или тоа е свесен протест, чија сурова симболика е очигледна? - се прашуваше новинарот, од малата фотографија во горниот лев агол од текстот, што и покрај дебелите очила и насмевката, или токму поради нив, делуваше одбивно.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Веќе си го расипав ракописот иако не сум ни лекар, ни новинар...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во Федерацијата првин беа резервирани кон странските новинари, но, на крајот мораа да попуштат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се најдоа, првпат по војната, и новинари од светските новински агенции, чии имиња постојано ги слу­шаме на нашите радиостаници.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Новинарите најчесто сакаа да ја посетат „јужната република”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ете и самиот наш претседател никогаш не ги демантира новинарите кога му се обраќаат: „Вие сте, господине претседателе, доктор на науки, историчар, книжевник...“
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Како ви е сега кога е сѐ готово?“ новинарот прашува некоја жена. „Што е готово?“, вели жената.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Што друго да се очекува од суперсоничната постава на српските писатели, предводена од, божествениот новинар и писател; литературен деец и теоретичар; директор и уредник; сануовец и пеновец; добитник на Априлската награда на Сараево и Октомвриската награда на Белград, со еден збор, растерувач на мракот и пријател на мирот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Вчерашниот новинар беше првиот човек во текот на бројните месеци.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тоа е оној што еден новинар го нарече експлозија во фабриката за шиндра?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тие доаѓаа наваму и паѓаа во мојата градина како Швабите под Сталинград. Поштарот со телеграмата, пријателите од градот, новинарите. Не можам да се сетам на сите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во Вуковар е страшно. Луѓе, војска, понекој новинар.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се однесувам како новинар кој зема фотографија и ја сече по основните контури.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Освен што беше пронаоѓач, автор, новинар, тој се качуваше често во балон...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Со него се полни колоните на утринското издание на еден голем дневен весник, кој себе си ласка дека има новинари коишто добро пишуваат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Марија беше станата, но ја облетуваа новинари и фотографи и ја претрупуваа телефонски повици од сите страни.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Повеќе