новинарски прид.

новинарски (прид.)

А каков впечаток му правеа на дипломатскиот свет новинарските уверувања на комитетот и на Бугарите за македонското движење?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие претставуваат несомнен придонес во развојот на нашата новинарска мисла и се вградуваат во трајните остварувања на македонската журналистика.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
ШТО Е ТОА што го изделува новинарскиот опус на Кирков, што му дава печат на автентичност и посебност?
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Не случајно: Никола Кирков е едно од нашите најопитни новинарски пера, цели четири децении буден и дежурен толкувач на најдинамичниот период низ кој минува македонската историја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Машината за пишување беше отворена, но на листот вовлечен во неа беше започнат некој новинарски текст, а не романот за деца.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Попладнето бевме зафатени со пробите во оркестарот, со состанокот во новинарската секција и немавме време да наминеме во паркчето, до нашата клупа, за да се најдеме со Љупчо и со Џеронимо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Трупот беше добро хранет и тоа не со јазикот на „обновата и изградбата“, туку со регресија и разградба, со едно паролашко поимање на литературната идеја и новинарскиот однос спрема финесите на литературната стилистика и методика.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Овој пристап во нашиот новинарски жаргон го викаме некролошки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Како ќе заврши оваа нивна виртуелна и евентуална соработка, новинарски кажано, останува да се види.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се претставува најуредно, со лична карта и новинарската легитимација, и чека објаснување на случајот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Овој доктор Миха не излегуваше повеќе од својот кабинет - ни по театарските бифиња ни по писателските или новинарските клубови ни по маалските кафулиња, па дури престана кога доаѓаше на работа на едно место да си зема четврт бурек а во друга бурекџилница уште четвртинка со чашка јогурт.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во едно нешто има право оној новинарски палјачо од „Ел Тиемпо”, таков е Цви: крут, тврдоглав, нефлексибилен.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го овековечив во новинарски извештај кој што беше катастрофа.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Првин тоа беше мојот татко, кој, како што пишувам во Татковите книги, с додека беше жив, дури во залезните години ги читаше првин моите новинарски прилози од еден долг период, а потоа и првите книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
28 ноември 2009 – Здружението на новинарите на Македонија ја информира Меѓународната федерација на новинарите во Брисел за последното флагрантен начин на притисок врз работата на новинарите во земјата и побара поддршка во битката за слобода на новинарскиот израз.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
- Вчера ме изнервираа новинарскине гниди.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Инаку, Шлатас беше атеист и социјалист по убедување, но ангажиран во националната влада исто како и комунистката Спирка, која мора да се признае дека имаше поголеми мадиња од цела новинарска фела заедно.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Наутро дневна доза со лоза клиники полни, болни од цироза младо и старо со крвави очи шпирит на пазар уште се точи Господе чувај и носи во рај спаси земја од хоштаплерај и сиот шлајм дегенериран народот твој од вести фрустриран Чувај од вртешки транзициони новинарски гниди и мегафони чувај од подли странски емисари оган да ги изгори блудниците стари Повторно избори и плукачка кампања здодевни флоскули, демагошки срања реформи нови демек ќе прават со локум и кафе гласови да ќарат
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Моето задоволство е природата преточена во мојата новинарска работа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Конкурси на регионот, Балканот по битки и рани отворени, за убост жеден, слави. Филм, режија, поезија, драма и новинарски статии...
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)