нобеловец м.

нобеловец (м.)

Над Уј, од каде започнуваат и благите планински превои на Ардените, се втиснало уште едно градче, едно од најпознатите места во Белгија - Сартр, во кое се родил и долги години живеел нобеловецот Пир, свештеник, награден за хуманитарност.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Реалноста со сета суровост ја покажува точноста на оценките на американскиот економист и нобеловец Џозеф Стиглиц дека „ретко кога јазот помеѓу очекувањата и стварноста бил поголем отколку во случајот на транзицијата од комунизам во пазарна економија“ 1 и дека „транзицијата не испадна да им користи на сиромашните.“
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
За ваквата ситуација и сличните на неа, наведениот нобеловец ќе рече дека не постои ниту еден институционален аранжман кој ќе помогне прашањето да добие универзален одговор.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Новиот современ и модерен (постмодернистички) расказ го оставивме за една друга пригода, кога ќе биде резервиран повеќе простор за таквото претставување; - Со ова издание е направено едно поместување на (практичните) критериуми за избор на расказите, а имено во ова издание се вклучени неколку раскази во коишто е видлива постапката на постмодернистичка естетска игра, на наративен лудизам, во исто време кога се прави и поигрување со очекувањата на читателот и се користи слободно резервоарот на човечката имагинација; - Во ова издание е внесен и еден расказ од големиот латиноамерикански нобеловец Габриел Гарсија Маркес, прекрасен расказ кој ја покажува потресно гротескноста на некои животни ситуации, кога од некои обични мали човечки постапки, се прават крупни и драматични пресврти во животот, како последица на интересите и заблудите на општествените институции и институциите на моќ; - Покрај тоа, неколку раскажувачи ги претставив со нови раскази, поилустративни за нивната поетика и вредност, а кои се илустративни и за некои раскажувачки постапки (дневнички и мемоарски записи, или писма, на пример).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Веќе споменатиот нобеловец би рекол дека за да ја донесеме одлуката на кој од овие три побарувачи би требало да му припадне театарот, ни треба теорија која ќе не оспособи да заклучиме дали со некое наше дејствие сме поблиску до правдата или сме подалеку од неа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Игра со очи. Историја на еден живот“ е насловот на книгата во која нобеловецот Канети пишува дека човек треба да биде свесен дека во животот има недостижни нешта.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ем бил поголем, ем најубаво бил опишан во песните и романите. Мост нобеловец.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)