нишесте ср.

нишесте (ср.)

Си работел црвецот во коската и потече црвотечината, нишестето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа се случило во последната година на деветнаесеттиот век, пред Велигден на седум или осум дни, еден наспроти друг стоеле крај жолта чеза со спрегната кобила и со бело ждребе - црвенокосиот бег куп стврднато нишеста во кожа и облека и попот Зафир Јосков Вртипоп, испотен човекојадец во долга мантија, и се искажувале почести како двајца великани, првиот со имот и власт, вториот со знаење да ја надитрува смртта.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сите овие татлии се попаруваат со шербет (од арапски erbet), поголемиот дел се меси со нишесте (од персиски nieste).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од персиско потекло се и голем број називи на разни јадења, зачини, прехранбени артикли и пијалаци: боза, бурек, дарчин, кајгана, мезе, нишесте, ноут, ошаф, пекмез, пелте, пилав, пиран, реванија, речел, таран, чорба, шарлаган, шеќер, шеќерпаре, шира, ширдан, шкембе и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)