ничкум прил.

ничкум (прил.)

По утрини росни, по мугрите пресни, наведени ничкум по полињата родни зачмаени ние го береме.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Се обиде на грб, на мев, — ничкум, ама сѐ некако очите не му се заклопуваа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Крсте се сврте ничкум, ја кладе главата на голата земја и долго, долго се мисли, додека најпосле заспа за да се разбуди кај ужина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Почна ничкум да се влече под урнатините.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Децата спиштеа, жените затажија, изналегнаа на подот ничкум, чекајќи да им ги пресечат главите со исуканите јатагани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ги удрија главите ничкум и се зажалаа од безизлезната положба. – Ех, било таксират, ќе се умира, деца! – за првпат му се испушти од грлото на поп Јакова кој стана и почна нервозно да шета.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Направи два чекора внатре и падна ничкум, гледајќи го силниот Сулејман кој се запати кон него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сопственикот на немирните раце лежи ничкум, неговата небричена брада втонува во ископаната земја и усните ја допираат нејзината студенина и мирис на нешто гнило му се вовлекува во дробовите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој се влеваше во дебелата бука, забиена во темелот на горниот ѕид на пиланата како огромен лост, со горниот дел повисок од покривот, исто како некој шумски џин да сакал со тој лост да ја откорне и да ја преврти ничкум нивната пилана.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги растоварија раниците, го распалија огнот и прва грижа им беше да се најадат, та почнаа да претураат по куќата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Лежи ничкум плеснат над земјата. И утопен во крвта негова млада.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Питропот Андреа вадеше од огништето запалени гламни, излегуваше на чардакот од куќата и ги фрлаше во водата за да запре дождот; цврчеше жарта, пиштеше пареа; го превртуваше ничкум секој сад што го имаше во куќата за да не зјапи по вода; ја земаше иконата на Св.Илија и ја вадеше на чардакот молејќи го светецот да му нареди на дождот да запре.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И почитуваниот Богдан Јанков имаше еден таков свој континент, делче на светот што само нему му припаѓа и за него е непроменлив: ја одржува мекоста за нечујно чекорење меѓу проѕирни габери, бресилки и дабови, и за негово лежење, детски, ничкум, со чело на синкав мов, под јата златоперки, или жолтавки, или саријасми, како што одамна со туѓ јазик се викале денес се сосема ретките и скоро заборавени преселни птици, по боја и по необичност блиски, поточно слични на парче сонце.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога влеговме, џамијата беше полна со мажи, полегнати ничкум.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сум паднала ничкум, што се вели, на сите четири.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Додека околу нив се мешале извици, истрели и блиски далечни грмотевици, вториот раненик, оној, преку чии очи минал шрапнел, лежел ничкум и копал со нокти и заби под себе и пцуел, пелтечаво и тешко, под контузија - и султанско знаме, и паши, и вера, Тој до него, со две парчиња од војничкиот ремен ги стискал нозете над коленици за да не ја изгуби крвта и со неверување слушал во зачуденоста без чувство за болка, за еден миг заборавајќи си ја судбината: кауринот, на кого му е укажана чест да биде војник под зелен бајрак, не атакувал за да ги убива оние што ги зеле да се бори со нив за нив, милосливите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Девојчето е ничкум и со посегната рака кон куклата што ѝ избегала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Веста била удар од кој можело да се падне ничкум и да се гризе камен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Куклата легна ничкум, заплака на Дедомразовата рака.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
САМИ никнале... жолто цутат над могилите... Ничкум помоли се и истажи ја болкана... ***
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Повеќе