нејасност ж.

нејасност (ж.)

Прибираше сили уште нешто да пронајде во себе, некоја нејасност, некоја причина за паѓање во нова стапица.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Нивните црнки со отапени врвови не допираат далеку и умираат во своето лежиште, лежат во смртта поклопени со нејасност и непознатост.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Првпат во секоја пора на неговата здрава кожа се забуцнуваше по една остра усвитеност, првпат по челото течеше крвава нејасност.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
По ден, тогаш веројатно по последниот јасник во таа илјада осумстотини триесет и петта година, додека светлоста откосо се ближела кон рудината на која стоеле, нејасноста во очите на видовитиот не можела да им стане водач.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како дожд да минал преку замагленост и како да ги измил сите нејасности и одвишности што пред тоа внесувале збунетост и недоразбирање помеѓу него и треварите, јасно можел, или само верувал во тоа, да види на темните лица и жилче и брчка, да го чуе дури и шушкањето на тие белези.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во овој текст, земајќи го Rychlack како симптоматичен за ова ново антикомпјутерско интелектуално движење, одговараме на тие аргументи бранејќи ја AI и теоријата на персонален конструкт од дел на недоразбирањата и нејасностите коишто таму ги пронајдовме.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Меѓутоа, со време бледнееја нејзините црти, се губеа во неопределена нејасност, како да ги брише блескавоста на ова летно сонце што го заморува неговиот поглед и ум.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На денешниве политичари, кои мислам дека досадија и на Господ и на народот, на оние кои според Тацит имаат потреба создадената, од нив, пустина да ја наречат мир, Орвел им препорачува да бараат поткрепа во еуфемизмите, во ширењето на апсолутна маглива нејаснотија и во неопределеноста.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)