нечовек м.

нечовек (м.)

Зол измамник и нечовек е Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Така секој со секого се клеветевме и се виде дека од човекот немало поголем нечовек...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Верувам дека не сте до таа мера нечовек...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Беше во состојба со денови да се однесува како немтур и да се обидува да ми наметне вина мене, дека, еве, јас сум била нечовек, штом така грубо, а не нежно, како што беше навикнат, се однесувам со него.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За измамници, манипулатори, За нечовек беден, човек кој не е човек, кој чудовиште е, е реалност, Станува збор.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)