нечитлив прид.

нечитлив (прид.)

Се обидува да прочита некои дамни врежани букви, обрастени со зелена мов и нечитливи.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кренат гори в лесни танци - занишан рог - реска страст; милозлив во меки ланци вилнее со пребрз раст злат заводлив јасни краци до невратна злокоб- сласт распенет во горки зраци нечитливи строи знаци сводот слеп од таа власт. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 140
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Повремено, кога ја средувам документацијата, ги гледам фотографиите од гробовите и прочитувам: „Лазе Костовски и Невена, заедно, 1949 и 1951, на крстот имало две мали елипсоидни слики, но со време испаднале, останале само дупчиња; Стефан Лазески, 194., последната бројка не е читлива; Младен Поцо, 1956; Ица Танеска, името напишано наново со мрсна боја; Боне Попчев, 1945, со елипсоидна слика под стакленце, на еден крај поткршено, сликан залегнат со шмајзер на Сремскиот фронт, каде што е убиен; Стевка Симонова, година нечитка, за спомен од нејзиниот син Тале“.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Лета јастреб на летното небо под нечитливиот краснопис на зодијакот најпрвин во кругови широки и нагли како скришни помисли потем сѐ поситно, опсесивно запира на родното дно наспроти сѐ друго што и натаму се врти околу својата замислена оска.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Миграции Наведнати за да ја допреме со рацете, со очите, со думата тонеме во безсознание сѐ додека не се привикнеме на агонијата лепливо индиго на амнезијата нечитлив препис акутна миоптија мултиплицирани глетки сѐ додека не почнеме да наѕираме тихи обриси да насетуваме смисла а таа, пес бездомник куче скитник шуткана натаму-наваму зависно од традицијата од стомакот во гушата, во душникот аурата, срцето долж стопалата по врвовите на прстите, ко подноктица сателитска антена inter-link, inter-face нешто невидливо нечујно светликаво мрачно мазно бодликаво нешто кое држи до себе и до слободата за да може да влегува и да излегува кога ќе посака, да лунѕа севезден ни таму-ни ваму разбиена идеално дома, не-дома таа, а не-таа своја, а не-своја секогаш кога ќе се разместат фигурите ќе се затнат вентилите огништето се згаснува наидува поларен студ - 51° Целзиусов пука филмот прскаат шавовите напукнуваат ѕидовите се прецртуваат границите се митари митот!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Помеѓу нечитливите податоци, во заглавието на листот, за првпат прочита оти и официелно, тој е Раде Ич, (името на војникот - сигурно беше пренесено од матарката), а под името, беше назначено она што веќе го тормозеше неговото тело; дека станува збор за тежок воен инвалид.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Колку што почесто на левото рамо ти се откриваше прерамката, боја чоколадна, толку во воздухот што среќно си го делевме се множеа нечитливи пораки: среде ловостој, започнала новата сезона на ловот, на пример.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Ќе ви го прочитам... Да, првите две страници се нечитливи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)