неуреден прид.

неуреден (прид.)

А тогаш... ... Нивниот заеднички пат ги одвлече в село да видат неуредени куќи со црни стреи;запуштени и накривени ѕидишта; недоверливи ситнооки прозорци, - врз нив гнили штици, матни стакла, поцрнети стари календари; потоа: нечисти и нерамни сокаци низ кои се влечеа звуци и мириси, предчувствувани претстави за недогорени суви дрвја, кочини, мали деца, катран; расфрлани мртви предмети, ненужни и запуштени - накривени коли, одамна почнати, недоплетени огради, корита, алат; куп сонливи куќиња, кокошки, деца.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Го пречека модра тишина и бел зрак врз неуредниот кревет.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тепачка во ушите. Сите оние за коишто музика не се само звуци и нивната уреденост или неуреденост, а тие се ретки, беа во недоумица.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Потоа почна да пишува со брзи неуредни чкрабаници: „Тие ќе ме стрелаат не ми е гајле тие ќе ми пукаат во тилот не ми е гајле долу големиот брат тие секогаш стрелаат во тилот не ми е гајле долу големиот брат...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Откако излегов од циркусот, сфатив дека светот на Луција, на Партијата, на училиштето, на семејството, на нацијата, на државата е обичен провинциски неуреден двор; светот без циркусот изгледаше беден, смешен, нецелосен; произведуваше дробни грижи со кои ги плашеше бедните мушички заробени во неговата мрежа; тие мушички мислеа дека светот достига до оградите на тој мал двор, а не гледаа дека зад него има уште, и уште, и уште; во циркусот, по само неколку волшебни часови престој, сфатив дека светот е огромен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Поднесоците поднесени од адвокати задолжително треба да содржат: адвокатски печат односно електронски потпис од адвокатот, податоци за електронско сандаче регистрирано согласно со закон – за достава на писмената и адвокатска маркичка предвидена со посебен закон, во спротивно поднесокот се смета за неуреден и судот ќе го отфрли (чл. 98, ст.2, 4 и 8 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со косата раскубана, лицето подуено од плачење, целата свиткана, со неуредни алишта на себе.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Вработениот со статус на давател на јавна услуга против кој се поведува оваа постапка може да одговара за дисциплинска неуредност и дисциплински престап (чл. 25 од ЗИДЗЈП/фев.14).107 Директорот на јавното претпријатие врз основа на предлогот на дисциплинската комисија, донесува одлука за изрекување на дисциплинска мерка, односно за отфрлање на предлогот, односно за запирање на постапката (чл. 37-ќ).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)