неумесен прид.

неумесен (прид.)

Значи, последниов не е неумесен во сегашните околности и може да ни даде само добри плодови, но не и да ни напакости.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Неумесно и неразумно е да ги одделуваме своите интереси од општобугарските, кога во соединувањето, а не во расцепувањето, е силата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Можеби ова ви е единствена прилика - велам земајќи си го пасошот и црвенеам заради сопствената ненадејна дрскост, заради неумесноста, заради тонот кој ги повикува на ред сите неупатени во случајот, заради тонот кој ѝ е длабоко туѓ на мојата природа, но ете, се вовлече како вирус во мојот глас.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Иако ризикувајќи да испаднеме неумесни (бидејќи текстот навистина ги преминува границите на здравиот разум), го истакнуваме повеќе како симбол за состојбите во македонската култура, отколку како обид невкусно да се подбиваме со нечии неумеења.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Не можеше да добие диплома, да матурира; на разговорот со директорот беше дрзок, и на овој му попуштија нервите, оти во есејот Лудвик беше направил некои неумесни асоцијации и за него, и за неверството на неговата прва жена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се разбира, неговите зборови беа порозови но притоа и погорчливи од овие што јас ги употребив, но мислата верно ја пренесувам, со малата додавка дека своето размислување Боге од Бањи го проследи и со неколку насмевнувања во кои за жал изостана присуството на птици.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не мислам само на проповедта за праведноста, што толку упорно ја повторував; ниту на оние мои неумесни критички осврти што од страна на другарите беа оценувани како задоцнети согледувања, или како преуранети сигнали, туку пред сѐ мислам на она мое непресметано вплеткување во случајот Басотови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Наместо со разочарување поради неумесниот и празен одговор што му го дадов, тој ме погледна со љубов, со тага и со сочувство, оти во мене го виде истиот сомнеж кој го имаше и тој во душата, па потем ги спушти очите надолу и веќе не ме праша ништо...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Грчевито ја собирам ногата. Но веќе е доцна и дури неумесно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На сосема неумесен начин те бев сместил во кампот на неупатените.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Како да го претчувствуваше доаѓањето на „саканиот“ човек, но уште пред да помисли дали би рекол нешто во врска со тоа, таа мисла ја отфрли како неумесна.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Со тоа ваквото дефинирање на установата се чини неумесно и нејасно. 41
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)