неук прид.
неукост ж.

неук (прид.)

Старецот со неверица гледаше во својот внук. Тие, учените, да учат од еден неук старец!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
За другото не знам, јас сум неписмен, неук.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Проклет да бидам, мислев ми ги подарува за да ме смири. О колку бев неук и прост!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Таму ти е сиот ум, - тој ти вели, сонце, зрак, или ангел, враг, а ти си мислиш, пекол, мрак, арамија, подлец, крадец, од тебе ќе учам ука, така не било, ако сакал цел живот неук и слеп да останам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Колку да си неразумен и неук, чувствуваш нешто неправедно, тиранско.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ете населба, то ест место, каде што христијанската верска догма не успеала сосема да ги надвладее паганството и митологијата, туку приопштувајќи се кон нив и испреплетувајќи се со нив, со нивните обичаи и празнувања се натоврила како со бесцени камења, и историјата, припокривајќи сосе малтер на легенди и преданија, печалела за други, за завојувачите, додека за тукашните ги резервирала страдањата, прогонствата и истребувањето, а заедно со нив правото на бој и правото од сето тоа да разгрнат епски духовни мегдани, кои, во текот на времето, неуките но интелегентни души на жителите на Потковицата ќе ги преобратат во фактичка своја историја и врз неа ќе прикрепат една колку рурална толку здрава и чиста егзистенција, која, пак, несполуките и поразите, кои се јавуваат како негација на сѐ живо и движно, ќе ги извиши на рамништето на својата вера во опстанокот и тука ќе ги озакони како судбински збиднувања во човековото битисување во овие краишта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Со тебе, - му рече даскалот и се сврти кон нас: - Ете што ти е неук човек.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
За него, во прашање беше една возвишена идеја, тешко остварлива во животот, идеја што лесно можат да ја пригрнат сиромасите, неуките.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Замислете си, - ќе речат жените, - Тој е дотолку неук, што не може да одигра партија вист!“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Таа е многу поизразена кај образованите, одошто кај неуките.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Неуката жена со мудроста на годините ѝ ставаше на знание дека ако нешто е заврзано во неа не треба да пала кулај да го фрли тоа од себе оти тогаш си фрлаш и нешто од тебе, а може и најмногу.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Имаше во тие тешки сталински денови, кога со интелектуалците лесно можеше да се пресмета штотуку создадената работничка класа со неуките, ограничени секретари на чело, една тивка, ненаметлива, но сеприсутна солидарност од сите страни со Игора Лозински, со неговото дело и со мисијата на Цветана Горски.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но бидејќи зима и бидејќи неуки и некадарни за вакви големи потфати, место преку граница, беше слегле во нашите места, кај бројлинските падини до езерото, сосема измрзнати.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За мене, мал, неук и неупатен сепак тој гест уште тогаш претставуваше некаков знак; дури и ритуал во чие што значење и не мора да сум упатен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Македонци мои, кога ве посетив тогаш повикан од вас, јас бев неук за овој свет, и во душата, и во срцето, и во слабините свои, на сите три места со кои мажот мора да научи да љуби, за вистински да го сфати Божјиот дар на земниот живот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Било па поминало. Само Господ знае. А ние сме неуки за да ги следиме неговите упатства“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Не е важно колкав е шаторот во кој си се родил“, му велеше, „и учениот питач е поголем од неук големец“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Пред заспивање чекаше да се огласи и јатси намази и дури тогаш заспиваше и самиот, и ова му стануваше, без да мисли, некој нов ред за денот и редот во куќата, и зашто со таквите знаења некако се извишуваше над сите неуки, а најмногу над Тодора која спиеше покрај него, гровната како насукана гемија.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Зашто, колку да бев сега принуден, под силата на околностите, да го ломам првичниот ритам на своето одење, тој сепак понекогаш потсвесно ќе ми се наложеше, и тогаш мојот десен чевел очајнички ќе закркореше како неук пливач што голтнал во реката матна вода.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Потскокнувам во снеможено птичјо лебдење во куцато одолговлечување ко неуко детско чмаење ко неуморни прсти на темето, на половината ти ах, ти театарска гасеницо фатена во бегство.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Повеќе