неспретен прид.

неспретен (прид.)

Па однеси ме па однеси ме велам ти детство однеси ме ти песно старост вечна и незаборавна ти најголема илузијо без метафора прозору неспретно отворен грубо длабок за сите бои на вечноста Однеси ме низ овој дожд ти врвицо за да ме вратиш блага во овој пристан мал во ова нежно седло на сонот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Никогаш не сум била толку неспретна како тие први денови: сѐ нешто ќе скршев, немаше да направам како што треба и поради тоа уште повеќе се нервирав и станував сѐ полоша.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Ме презира, бедник - беше лут на своето неспретно тело, но бесот лесно го прекри со насмевка – Би го погледал Градот оттука!
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
На аголот на калдрмираната улица влегов во дуќанот со жолта фирма, на која неспретно, но детално беше насликан часовник.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
„Маргина“ (= Темплум) е паразит врз големото тело на Сорос- чудовиштето кое (питомо, неспретно, чудесновишно, промислено, обои по желба) чекори кон некаква си идеалистичка анаформоза од утопија, гибсоновски наречена дистопија или бодријаровски: скиомахија (борба со сенка).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Една година пред смртта, ја нацрта „Покрај сината грмушка” (Beim Blauen Busch), со симплифицирана и растреперена палета, инфантилна стапчеста фигура со тотално неспретен потпис, а сето тоа наречено како повикување на цртачките обиди од детството.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Знаеш откопувањето не е лесно. Просто не ти оди. Од многу искуство си станала неспретна, не небрежна: сѐ ти паѓа од рака.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)