неспремен прид.

неспремен (прид.)

Вечерта напаѓаше ненадејно – мислеше ќе не фати неспремни.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Можат да те фатат неспремен баш кога најмалку очекуваш. - Не треба да се правдаш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Стварно не е фер, секогаш те фаќаат вака неспремен.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Мислев, да не мислам повеќе знаев, неспремно ќе го дочекам денот посакувам парче среќа во злобата ко изгубен зрак од сонцето во снежен метеж...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)