неспојлив прид.
неспојливост ж.

неспојлив (прид.)

Сфати: богословот се обидуваше да го прегази јазот што ги делеше и што ги оставаше на два блиски но неспоиви брега.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Отец Иларион по малку молчење и отпивање на чашата, рече: - Меѓу душата на човекот и душата на животните постои огромна разлика; тие души се неспоиви.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Литературата ја има онаа прекрасна моќ на градење мостови дури и меѓу навидум неспоиви појави и дела.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Љубовта овде се појавува во една од највисоките матафори на наводно неспоивото, како највисока “discordia concors”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тој се воздржувал од сѐ и бил непушач, немал друга забава освен еден час дневно во вежбалницата, и бил заколнат на целибат, верувајќи дека бракот и грижата за семејството се неспоиви со дваесет и четири часовната посветеност на должноста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Партизаните се наполно свесни за фактот дека федерализмот и династијата Караѓорѓевиќ се неспоиви".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)