несогласен прид.

несогласен (прид.)

Реалните топоними, од расказ во расказ, ја исцртуваат топографската карта на Скопје, градот- лавиринт, непознат и никогаш до крај „видлив“, дури ни за самиот автор, кој, патем речено, поседува извонреден сенс, слух за нервот на градскиот живот и вриеж: „Како што му растеше стажот на таксист, така му се откриваше и Скопје, како октопод, несогласен со своите краци, некаде осветлени, некаде завлечени во темни пукнатини, невидливи за самото животно“(„Влијанието на Хорацио Цвикало врз растот на шарените анти-упатства, III“).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Затоа сева случка силно го изненади, му се виде чудна по својата неприродност и несогласност со најпростата човечка логика.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Грешките во имињата и броевите, како и други очигледни грешки во пишувањето и сметањето, недостатоците во формата и несогласноста на преписот на пресудата со оригиналот, ќе ги поправи претседателот на советот, односно судијата поединец во секое време.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако меѓу оригиналот и преписот на пресудата постои несогласност во поглед на некоја одлука содржана во изреката на пресудата, до странките ќе се достави поправениот препис на пресудата со назначување дека со овој препис на пресудата се заменува поранешниот препис на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)