нескладен прид.

нескладен (прид.)

Затоа и не забележа. Колоната полека заостануваше, се разредуваше и нескладно се збираше а во својата безгласност на стара хармоника со закана шушкаше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Мирно прошетува со поглед во пространата кафеана и, некако, небрежно и повеќе се задржува во длабочината од каде што јурат нескладните звуци на оркестарот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Потоа нескладниот вриеж на мислите го фрла во бездна, полна со експлозиви и паника.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Вака гол се чини премногу опуштен и нескладен.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
А појот, ту близок, ту далечен, ту длабок и растреперен, нескладен и испрекинат, се растура во ноќната тишина тажновито и пејовито, потсетувајќи на еднаш изминатото време што наврапито го однесоа и го однесуваат времињата крвави и мрачни...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Би било преопширно да се навлегува во значењето на алхемијата, во бесконечниот процес кој, претворајќи го (симболично) неблагородниот материјал во злато, ја постигнува светлината и соединувањето со помош на темнината и расчленувањето - тој процес асоцира на урамнотежување на нескладноста внатре во идеалот на длабокото соединување на спротивностите (митскиот мотив на андрогинот), но, исто така го предвидува цикличното и дијалектичкото повторно добивање на контрастот, во една непрекината трансформација, чијашто точка на исчезнување, перманентно оддалечувајќи се, е Утопија (златото, каменот на мудроста).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Андон беше висок, со долги раце до коленици, со нескладна конституција, најмногу заради вродената мана левото рамо видливо да му биде поткренато во споредба со десното, при што крупното тело, со нагласена комбинација на испупчени коски и разиграни мускули, смешно му беше свиткано на десно.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Навали глава врз пушката и одеднаш - ја совлада некаква незнајна сладовина, неспозната леснина и рој мисли ѝ ја наполнија главата кои нескладно, една преку друга се превртуваат, претуруваат, се мешаат, клокотат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)