неретко прил.

неретко (прил.)

Од овој површен поглед врз историските настани во Македонија се гледа оти горе-долу сите македонски котлини имаат една и иста историска судбина, горе-долу сите нивни жители имаат особен, одделен историски живот, неретко самостоен, или пак вклучува во себе заедничка борба за политичка слобода.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога не можеше повеќе да остане притаен на својата само за една педа недофатлива височина за нивните скокови, во која неретко, само за еден кус миг, успеваа и да си ги впијат своите муцки секоја од тие отскокнати и спалавени дивинки; кога немаше повеќе сили да остане ни со затворени очи над тој ужас, тој пукна во самата средина на тоа клопче пред себе и сега веќе не успеа ни да ја додржи пушката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бев слаб и често со глава удирав во ѕидот, неретко поради тоа крвавев, но никогаш во себе не носев злоба, таква одвратна тежина.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Неретко името ѝ се спомнуваше по рефератите, ѕидните весници и локалниот печат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Шетаа сами низ градот, како бели привиденија, во фурии, неретко во стадо, особено кога одеа на плодење кај прчовите на Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И покрај големиот број на дроги кои творците низ историјата ги користеа за поттикнување на креативноста, сметам дека психоделичните дроги имаат посебно значење за творештвото, првенствено затоа што, во една фаза на своето делување, нудат најсодржински и непознати искуства, кои надарените личности можат потоа да ги транспонираат во уметничка форма, без оглед на цената што ја плаќаат, а таа неретко може да биде висока, што ќе го видиме од подоцнежните излагања.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
За жал, сфаќајќи ја краткотрајноста и безначајноста на своето биолошко постоење, човекот- творец, често нетрпелив во своите настојувања да ги дочека плодовите на своите вдахновенија некаде во иднината, се обидува да го забрза своето уметничко созревање и раѓањето на своето дело, неретко користејќи и вештачки поттикнувачки средства. 142 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Така проведена низ зоната на релативизмот политичката креација неретко станува позитивен хуманистички регулатор на животот, уметноста обична глупост и ситна перверзија потполно непотребна и бескрајно бедна активност на човекот, а мудрувањето пак чудно тивко суицидно опстанување во ништожноста.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Со исклучок на каузалните односи - поточно, со потенцирање на акаузалноста - се раскинуваат сите традиционални поврзаности на елементите на фабулата, и оваа се распршува во фрагменти коишто, „збогатени” со асоцијативен и еруптивен квалитет, неретко симулираат едно магливо, односно скоковито движење на смислата карактеристично за сонот - според некои критичари, „идеалното експресионистичко дело” (Франк Тис). Маргина 36 77
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Флерт- игралиште каде неретко љубовната предигра е всушност и крај на играта.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Чувствувајќи грутка во грлото, Карер го врти погледот кон она што некогаш било еврејско гето на стариот Закинтос, потсетувајќи се на кажувањата на генерации и на официјалните хроники што неретко како татко на општината и самиот ги оживуваше во своите говори на градските собири одржувани по различни пригоди, од локалите до државните празници: дека Закинтос е остров на одамна воспоставена хармонија на сите негови жители: на православните Грци, италијанските католици и на Евреите, Закинтјаните со мојсеевска вероисповед.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Објавуваа за неа главно вести, и поретко, пошироки информации за претстојните настапи на составите во кои Агата Голдблум учествуваше, неретко и како солист.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Татко кој често и неочекувано се препушташе на фугите на егзилот, верувајќи дека во постојаниот бег се крие спасот на семејството, неретко одеше на железничката станица во Скопје да го проучува возниот ред на возовите кои го напуштаа Балканот, знаејќи дека нема никогаш да отпатува со ниту еден од нив.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Како читател често насетуваш (но неретко знаеш и да промашиш) во која насока ќе те одведат зборовните игри...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Неговата режисерска професија неретко успеваше да ја примени во партиските сплетки за кои прецедателот Џони Вокер имаше брејнсторминзи и по десетина во минута.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Неретко знаеше и хемороидите да им ги исцелува на пациентите.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Неретко од Трпејца знаеја да тркнат и на шопинг во Грција.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Губиме луѓе кои ги сакаме. Неретко оние што најмногу ни значат.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сепак, текстот сакам да го завршам со апел до чинителите на театарскиот чин кај нас: Не ја прикривајте завидливоста, ниту пак потребата од плагијат, оти тие, неретко, раѓаат нови и вредни моменти во творештвото!
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Народниот гениј, на инаетчиите често им дава животински особености, па неретко, за некој инаетчија ќе каже дека е магаре, то ест дека се инати како магаре на мост.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Повеќе