неранимајко м.

неранимајко (м.)

Лели дигнаа глава вакви неранимајковци, ќе страдат рајата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Земи, земи напи се, та нека кршат глава сете тие неранимајковци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но бил и неранимајко.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А кој мене в куќа лебче - бело, винце - црвено, постелица - свилена. Неранимајковец, разбираш ли? Ти си неранимајковец.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тој не беше пијан, ниту некој од оние неранимајковци, што ветер ги вее. Сосема не. Прибран човек. Темелен. На место.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Ти, неранимајко, ти непослушко, знаеш ли дека ќе те натепам толку убаво што ќе запомниш?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Изедена?! – се зачудија децата на оваа смелост на некојси неранимајко. – Изедена!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Лут како рис, внатре влезе татко му и викна: - Каде е тој непрокопсаник, неранимајко!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ќе ти кажам кога ќе дојде оној... нашиот непрокопсаник, неранимајко!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Слушам од тебе — од мене оти најсна ќе правеле тиа неранимајковци некој бунт, ама кога и каде, право да ви кажа и мене не ми кажуат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој излезе неранимајко и ќе расипит чифлигот, ама Адем ќе го кршит роговите, место тој да бодит него. ***
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Си заслужи еден ваков крај, беше голем неранимајко, непокорен, тврда глава, секогаш нешто важен, горд, одвисоко.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во домот за еден од тие неранимајковци се броеше и Кејтеновиот син.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- А зошто, бре, неранимајко, - трас - се слушна шлаканица и пцост - те прашувам тебе, никаквецу, си ги замрзнал децава, а?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тука се тагува, се жали, се трча зад камионите двапати дневно, се плаче, а ако некој рече нешто што не чини, а никој денес не знае што чини и што не чини, тогаш на огласна табла како што го направиле редот: контра, луд, арамија, плашливец, неранимајко...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Исчепка тој дека меѓу нас, во Сук, има расипници, неранимајковци, агенти, шпиони.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
– Стариот неранимајко повторно нешто смислил – беше првото што им падна на ум на сите оние што уживаа во неговата смисла за шега.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
- Што сторивте неранимајковци! - списка вештерката. Ние се дадовме во бег.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сакам да стане човек, разбра? А, не, лигуш и неранимајко!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Имате среќа што не сум грчка полиција, па да ве казнам со три месеци затвор како што му сториле на оној неранимајко Љубе-Шеќер, - ни рече.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Повеќе