непримерен прид.

непримерен (прид.)

Големите, намуртени, испотени глави на нашите балкански пливачи ѕиркаат од водата и не се обѕираат на непримерната сценографија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Одовде Хичкок на површината е непримерено „полесен” од Грин, во темелите е определен за јансенистичката визија на човекот како битие кај кое секој момент на човечноста лесно се сменува со опсцената травестија на расипаноста...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Малограѓани! Сељаци! Децата ви се до гуша во хероин а вие се курчите со вашиот безвезен, апсолутно непримерен морал и со вашето фолирантско „згрозување“ над „девијациите“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Е, ама солунецот Раде изгледа заборави дека ближеа изборите и дека неговото непримерно однесување престанува да е грижа само на власта туку станува грижа и на заинтересираните партии.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но командантот на бродот сепак сметал оти непримерното однесување на граѓанството не било од политички причини.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Правдата е, меѓутоа збор непримерен за овој свет.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Да повториме, тој ферман пристигнал кај Скопскиот бег и кадија дури од Стамбол заедно со наведената наредба за извршување на спомнатата казна во врска со непримерното однесување на спомнатиот Никола Леко).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Беше сета во бело; си помислив: „непримерно бело за околностиве“; носеше дури и бела баретка, а од под баретката, како од лошо зачепен вруток бликаа руси локни коса.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Конечно благодарност за рамнодушноста како форма на непримерност. Но само кон нив.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Способноста да изведеш таква реплика карикатуристот од сиднејскиот геј- весник ја третира како дел од машкиот геј- репертоар, типично дело од машкиот геј- театар, кое си е на место во машкото геј- општество, но непримерно за училницата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)