неприкосновен прид.

неприкосновен (прид.)

Религиозните потреби и убедувања за сите се неприкосновени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сите доклади за судрувањето со Толета беа потврда дека Толе е неприкосновен.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
ЈАКОВ: Зборувате како митолошки бог! Сте го зеле неговото обличје, сте ја ставиле неговата маска, сте станале неприкосновен, недопирлив, миропомазан фараон.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
…ако малечката но впечатлива епизода со дебелиот е пример par exelance за пресметка со дистанцата како неприкосновена одалеченост зарем и јас досега не размислував премногу додека пишував наместо да доживувам не сокривајќи се зад зборот зад законите на добрата реченица зошто да не го излијам несигурното созревање на чувството во линијата на ракописот користеноста на дистанцата е научена од родителите од почитуваните учители кои со лесна иронија но убедени ја негуваа скапоцената логика на аргументите а што ако така сум вовлечен во не- -јас во светот преземен толку е тешко после сета умешност да се заглушат ушите да се отфрли мрежата да се признаеш себе си внатре сонцата жежат ли жежат усните немоќно сами се потсмеваат гнездото се урива веќе ме облева летото илјадници плави нестрпливи звуци ја оставаат зад себе молчеливата погрбавена сенка...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Не малку пати, кога минуваше со козите крај ридот на Калето, козите бргу како по некој оживеан инстинкт што им го должеле сигурно на своите далечни диви козји предци неприкосновени господари на стрмните балкански планини се искачуваа по карпестите засенчени стрмнини на ридот до кои не можеше да стапи човечка нога...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој ги носи своите сопствени бои, тој е неприкосновен, и неговата самопрогласена функција има ефект само на јавни места.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Од непредвидливост, средби, приказни, градови, војни, историја, ми се гади од авторитет и неприкосновеност на субјективно доживување.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тој е единствен во својата способност да каже сѐ и сепак да го сочува своето јадро на неприкосновен интегритет.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Кога, меѓутоа, зборува за сјајните постигнувања на подрачјето на формата, експресионистот не мисли на надворешната форма како збир од повеќе или помалку оправдани конвенции, туку на внатрешната форма на својот неприкосновен дух.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во меѓувреме, нема член на Внатрешната партија кој макар и за миг се сомнева во своето мистично верување дека војната е вистинска и дека ќе заврши победоносно, со што Океанија ќе стане неприкосновен господар на целиот свет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Претпоставувам дека за дедо неприкосновениот голем френски беше поставен кон нашиот език како полуцилиндарот кон фесот, или уште подобро, како панталоните купени во „Кавалер моде“ кон долгите гаќи со учкур.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Кај неа, сепак, преовладуваше источната варијанта на фатализмот во однос на жената, таа да си биде осудена да се жртвува за семејството, а мажот да биде неприкосновениот столб. Главата на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Овде некрунисан крал е неприкосновениот Тим Хортонс. Тоа е ланец на (не знам како да ги кажам) точилници на филтер–кафе, со дополнително пригодно мезе у облик на крофни алиас „донатц“ и жидовски ѓевречиња попознати како „бегалци“.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Драган Вучиќ – главен протагонист во вицот со Шварценегер, пајакот и Сталоне и автор на неповторливата, непрежалената, ненадмашната и неприкосновено–најгледана забавно–музичка спрдачина „Вашите 5 минути“.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Но дипломатскиот ритуал без оглед на с, си беше неприкосновен.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бурниот живот, секојдневната напнатост во создавањето на државата, во нејзиното одржување, ги беа оставиле длабоките траги, но ја беа подзасилиле, можеби до патолошки димензии, опсесијата на владеењето, неговото верување во неприкосновено месијанство...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Турците не можеа да го разберат барањето на Бургиба кој дојде во 1968 година во приватна посета за да ги однесе самиот посмртните останки на Ханибал, верувајќи во својот неприкосновен меѓународен авторитет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како што е неприкосновена и приватноста на писмата Кои ако паднат во рацете на какви и да е неранимајковци Интелектуални разбојници и булеварски журналисти Мигум ќе станат јавна наситка На оние кои цел живот биле јалови сонувачи Та не испилиле ниту едно малечко сонче А не пак и толкување и остварување на сончето
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
За способноста да се изврши самоубиство, подвижната слика на лустерот одамна ми остави неприкосновена негативна аргументација. Меѓутоа, способноста да се убие ветуваше многу поголема надеж.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
На крајот на масата, каде беше седнат татко ми, бидејќи тоа беше неговото востановено и неприкосновено место за седење, како некој да му го врачил по заслуга (се прашувам само кој ли ќе биде неговиот престолонаследник, бидејќи јас немав таква амбиција, а мојот брат по ниедна основа не го заслужуваше тоа).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Повеќе