непречен прид.

непречен (прид.)

Да ги избркаме маглите и облаците и чадот кренат од оџаците, и насекаде да биде речено: сонцето има да грее непречено.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Можеше непречено да гледа во дворот, преку ѕидовите во полето, на горите и на залезот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Едни, по исплакувањето на Молитвена Вода, прочистени, успеваа да се вратат во крилото на семејството и во крилото на заедницата, (таквите беа оставени на мира, како ништо да не се случило со нив и во нивниот живот), други, кои и потоа, и по исплакувањето на Молитвена Вода, не успеваа да си го повратат мирот и спокојството, стануваа тихи и вовлечени во себе, чудаци, трети, длабоко неутешените, или стануваа божјаци, или одеа во манастир, или, непречени од никого, заминуваа некаде и не оставаа по себе никаква трага.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Така, некогашната населба од само неколку многучеладни домаќинства, - Митреските, Перуноските, Ендоските, Бозоските и Ѕвездакоските - излезе од Дупка и непречена од никого, а не смеејќи да запоседнува обработлива земја, се искачи на најниските, неплодните, падини на Горник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Козите сами го познаваа патот. Се случуваше Чанга да ги остави, и тие непречено да стигнат дома.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Нам денеска ни е јасно, дека токму критичките процедури се оној метаконтролен регулатор, кој го перпетуира стариот систем, со тоа што му обезбедува непречен прилив на нова социјална енергија.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Меѓутоа, Хундертвасер „Fensterrecht“ не го предложува како свој уметнички каприц, туку со тоа начело мисли многу сериозно - целта на неговата акционистичка архитектура е секој, кој ќе осети потреба нешто да промени, не само во внатрешноста на својот стан, туку и врз фасадата од куќата во која живее, за на тој начин да го пласира својот идентитет и надвор од просторот на живеење, тоа може непречено да го направи, и тоа само до онаа точка до која допира неговата рака.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Дури во дваесет и три часот, кога веќе беше дома и во постела - во темнината, безбеден од телекраните сѐ додека беше тивок - беше во состојба да размислува непречено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Значи, сега работодавачот може непречено и легално да отпушта вработени како технолошки вишок, и веќе следниот ден на нивно место да вработи други лица, што – најблаго речено – е неправичен и нехуман гест исклучиво во корист на новите капиталисти и неспособните богати „менаџери“, кои од комунистички директори станаа транзициски олигарси!? в) според ЗРО (1993), утврдувањето на бројот и структурата на работниците што се прогласуваат за технолошки вишок требаше да се изврши запазувајќи одредени критериуми – како, на пример: ефикасното функционирање на работата на работодавецот, стручната подготовка и квалификација на работникот, неговото работно искуство, успешноста при работењето, видот и значењето на работното место, работниот стаж, возраста и други критериуми утврдени во колективен договор (чл. 129 од ЗРО).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Аплаузот е откривање на можноста за слободна и непречена комуникација со стварноста од која актерот излегол пред само момент, два или повеќе.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Јас станав новата мета иако ни првата не беше доработена, тој наизменично сакаше да игра со двете, а Лима непречено ги губеше нервите и ја јадеше самодовербата кога тој ќе се свртеше со своите игриви очи кон мене.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)