непотизам м.

непотизам (м.)

Меѓу другото и затоа што цивилизациски и културно (и психолошки!) демократски ориентирани кадри ние речиси и немаме; идеолошки неконтаминираните стручњаци што можеа да станат потпорни столбови на еден нов демократски (децентралистички!) државен концепт во голема мера избегаа (и сѐ уште бегаат!) вон земјава, оставајќи им на старите моќни патријархалци да го поделат тој беден колач (и онака речиси изгрицкан, она што фактички имаме се долгови!) главно меѓу оние што тие ги избрале за наследници, и тоа според добро познатите критериуми на тн. негативна селекција што подразбира послушност, пред сѐ, а потоа и непотизам, корупција итн.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Сепак, практиката покажа дека помеѓу основните и најчести причини за дискриминирање при засновање работен однос се субјективните преференци на приватните работодавци, врз основа на роднинска поврзаност („непотизам“) или пријателски врски („протекции“) – а, токму во врска со ова, не беше понудено соодветно законско решение.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
За жал, со индигнација можеме да констатираме дека нашите судии – заглавени во калта на корупцијата, непотизмот, кронизмот, политичките притисоци и партиските агенди, немаат ниту сила, ниту знаење, а ниту разборитост да го одбегнат штетниот буквалистички правен позитивизам при толкувањето и примената на законите – кој, како што видовме, некогаш води и до носење на апсурдни пресуди кои влијаат врз цели семејства.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ова е погоден рај за бандити подли политички хермафродити глумат елита на виенски бал опинчарски души со чевли во кал Капитализам и посткомунизам модерен роб на феудализам на секој чекор со непотизам новиот светски примитивизам
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)