непослушен прид.

непослушен (прид.)

Кадијата нареди да се бијат главните луѓе до смрт за непослушност и овие веќе пискаа, стенкаа, офкаа и пцуеја под ударите на дабовите и буковите суровици.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Наредбата беше строга. Со главата се плаќаше секоја непослушност.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Виде Димче Волшебникот една птица и си помисли: „Нека птицата се претвори во лута оса и нека го касне непослушното маче!“
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кога, шибајќи го по мазниот грб со прачка, го потера непослушното јуне кон оборот, Бојан имаше што да види.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Прво рипнуваше на Толевите наредби; рамо до рамо со Брниклијата напаѓаше на Расимчауша и уште за влакно што не падна на место од еден од аскерските куршуми што му просвире крај ушето со обетката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не сеќавате како почнувате да губите време пред огледалото, како ја мачите непослушната коса, вртејќи ја на сите страни, внимавате како одите, како сте облечени, одеднаш се вцрвувате во разговор со некое девојче што ви влегло в глава.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Меѓутоа во татарскиот јазик немало навредлив збор што можел да им се упати на коњите, непослушноста кај нив и кај децата биле само чекор кон зрелоста.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сè на сè, сосем сум непослушен, сосем неблагодарен, сосем тврдоглав...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Против неа можеш да се бунтуваш само со тајна непослушност или, најмногу, со поединечни чинови на насилство, како на пример со нечие убиство, или со кревање во воздух на некој објект.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога оние што ги затвораше му зборуваа за Исус, го мразеше и ги презираше што следат човек кој ги учи дека треба да им се спротивстават на учителите, да бидат непослушни кон рабините и да се бунтуваат по синагогите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сега, пресветол, не дека сме недугави или непослушни, но еве, молиме твоја заштита.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)